Кривична пријава за фирма од Дебар поради незаконит ископ и продажба на песок

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „незаконита експлоатација на минерални суровини“, полициската станица од Дебар поднесе кривична пријава против правниот субјект „Дукас компани-Миче“ ДООЕЛ Дебар како и против Е.Д. (59) од Дебар, сопственик и управител во правниот субјект. Пријавените, во текот на јули оваа година, извршиле незаконска експлоатација на минерални суровини односно бесправен ископ на песок од речното корито на реката Радика. Тие, во близина на дебарското село Косоврасти, ивршиле ископ на 6 м³ песок од речното корито на Радика, а потоа и продажба на ископаната количина.…

повеќе...

Воска доби повеќенаменско игралиште на песок

Заврши изградба на повеќенаменското игралиште на песок во непосредна близина на теренот за фудбал во населба Воска. Игралиштето е со стандардни димензии 18 на 9 метри а песок е поставен и на околниот дел на површина од 1,5 метар. Просторот е и хортикултурно уреден а има и патека покриена со бехатон плочки во должина од 45 м и ширина од 1,5 м. Игралиштето на песок е ветување дадено од градоначалникот Никола Бакрачески при неодамнешната средба со жителите на Урбана Заедница Воска. Изведувачи на градежните активности беа јавните претпријатија, „Градски пазар“…

повеќе...

Браќата Симовски повторно шампиони на Beach Volleyball Ohrid 2014

Со вчерашните финалиња во машка и женска професионална конкуренција, заврши осмото отворено првенство во одбојка на песок Beach Volleyball Ohrid 2014.Како реприза на првиот турнир во одбојка на песок во Македонија, кој пред осум години се одржа во Охрид, првите места повторно ги освоија победниците од 2006-тата година. На машкиот турнир најдобри беа браќата Јовица и Дејан Симовски кои во финалето славеа победа над Деан Стојанов иТони Мојсовски.Третото место го освоија ланските победници Валон Никчи и Газменд Хусај од Косово. Kај Девојките најдобри беа Софка Камиловска и Сандра Георгиевска кои…

повеќе...