Со вчерашните финалиња во машка и женска професионална конкуренција, заврши осмото отворено првенство во одбојка на песок Beach Volleyball Ohrid 2014.Како реприза на првиот турнир во одбојка на песок во Македонија, кој пред осум години се одржа во Охрид, првите места повторно ги освоија победниците од 2006-тата година. На машкиот турнир најдобри беа браќата Јовица и Дејан Симовски кои во финалето славеа победа над Деан Стојанов иТони Мојсовски.Третото место го освоија ланските победници Валон Никчи и Газменд Хусај од Косово. Kај Девојките најдобри беа Софка Камиловска и Сандра Георгиевска кои…
повеќе...Tag: плажа
Дојран доби модерна градска плажа
Централната плажа на дојранското крајбрежје, позната и како градска плажа од денес ги пречекува туристите во сосема поинакво светло. Лежалки под балдехини, набљудувачки кули, соблекувални во модерен стил, вака изгледа сега запуштената плажа со исушена трева, на која постојано се жалеа гостите. Туристите велат дека условите сега се многу подобри, иако Дојран генерално бара уште вложувања за да биде модерно туристичко место. Од општината велат дека ќе се работи на уредување на другите плажи, на нивно проширување, за да може целото крајбрежје да нуди исти услови за одморање. Новите содржини…
повеќе...Опозициските советници бараат вонредна седница на Советот за уредување на просторот кај „Мостот на желбите“
Позади црквата „Св. Софија“ пред мостот на желбите, денес советниците од опозицијата одржаа прес-конференција, на која што побараа да се одржи вонредна седница на Советот на општина Охрид, на која што заедно би донесле одлука во кој правец би се одвивале активностите околу уривањето на Мостот на желбите, а исто така би дискутирало и околу изградбата на нова пешачка патека. „За нас е сосема несфатлива одлуката на општинската власт на средина од и така лошата сезона која што се одвива во текот на оваа година, да донесе една таква одлука…
повеќе...Охрид ќе добие пет современо уредени плажи
На предлог на Локалната самоуправа, во новата програма на Владата на Република Македонија предвидено е Охрид да добие пет современо уредени плажи. Изработката на на проекот ќе започне во текот на оваа година, а во 2015 и 2016 година, плажите ќе бидат изградени и уредени. Локалната самоуправа првично како локации ги предлага четири плажи да бидат уредени на потегот од Лагадин до Пештани, а една плажа од месноста Грашница до хотелот „ Далјан“ .
повеќе...Забележани низа неправилности кај одредени концесионери на плажи во Охрид
Локалната самоуправа од Охрид почнува со реализација на јавно искажаните заложби за ставање ред во почитувањето на договорите за коцесија на плажите кои се потпишани со концесионерите, а кои со години наназад не се почитуваат и не се исполнуваат обврските кои произлегуваат од договорите за концесионерите. Инспекторатот деновиве вршел контроли на повеќе плажи и констатирано е дека плажата „Потпеш“ целосно го прекрила просторот со лежалки за кои се наплатувало од страна на лица ангажирани на плажата, без притоа воопшто да се остави слободен простор. Оваа состојба е уредно документирана од…
повеќе...„White explosion” на 2-ри август во Охрид
Ибица, Бора Бора, Паг, Мајами веќе не се единствени. Журка која што ќе го смести Охрид, рамо до рамо со најголемите party дестинации во светот, на 2 август сабота, ќе се случи на охридската плажа Немо. Единствен услов за да бидете дел од оваа најголема забава во бело на отворено, е дрескод кој што вклучува исклучиво бела гардероба. Експлозијата во бело ќе биде придружувана од танчерки, специјални музички и звучни ефекти, пена парти и многу други летни изненадувања кои што се синоним за исклучителните забави на Ибица или во Мајами.…
повеќе...