Во Охрид одбележан Денот на пожарникарите

Охридските пожарникари со бројни активности го одбележаа 20 мај, Денот на пожарникарството во Република Македонија. Најпрво пожарникарите продефилираа со противпожарните возила по улиците во Охрид, потоа следуваше презентација на противпожарната опрема во дворот на Пожарната, каде што граѓаните имаа можност да видат со какви возила располага противпожарната едниница во Охрид. Активностите продолжија со Крводарителска акција на пожарникарите во Медицинскиот центар Охрид.

повеќе...

Во Охрид ќе се одбележи Денот на пожарникарите

Со дефиле на противпожарните возила низ Охридските улици утре во 10:00 часот охридските пожарникари ќе го започнат одбележувањето на 20ти мај- Денот на пожарникарите во Р. Македонија. Во 10:30 часот во дворниот простор на ТППЕ – Охрид ќе се одржи презентација на противпожарната опрема, а половина час подоцна во работните простории ќе се одржи свечен прием. Одбележувањето на празникот ќе биде заокружено со крводарителска акција на пожарникарите во Медицинскиот центар во Охрид.

повеќе...

Решен статусот на војниците и пожарникарите

Се решаваат проблемите на граѓаните. За разлика од порано, кога министрите и директорите на јавните претпријатија седеа во своите удобни фотелји и не знаеја со какви предизвици се соочуваат луѓето, оваа Влада покажа дека може да се работи и на поинаков начин, преку директни средби и теренски посети да се воочат условите и отворените прашања, да се најде решение во рамки на можностите. Згрижување на поранешните професионални војници Се исправа неправдата кон поранешните професионални војници во АРМ. Владата донесе одлука – 112 поранешни припадници на професионалниот состав на Армијата ќе…

повеќе...