ЕВН Македонија донираше помош за населението во поплавените подрачја

ЕВН Македонија се приклучи на акцијата на Црвениот Крст за помош на најпогоденото население во поплавите што ја зафатија Македонија. Донирани се флаширана вода за пиење и средства за дезинфекција како најнеопходни во овој момент за населението во Струмица, Штип, Чешиново-Облешево, Прилеп и другите подрачја во кои поради излевањето на реките водата не е за пиење или воопшто ја нема. Соработката со Црвениот Крст за помош на поплавените подрачја ќе продолжи и натаму, согласно потребите на населението во кризните подрачja.

повеќе...

Црвен крст Охрид се приклучува на апелот за помош на населението во поплавените подрачја во Источна Македонија

Поројните врнежи од дожд и зголемениот водостој на реките во земјата, предизвикаа поплави на населени места и плодни површини во неколку региони во земјата. Поплавите предизвикаа материјални штети, кои непосредно го погодија населението за што веднаш надлежните институции презедоа соодветни мерки за ублажување на последиците предизвикани од поплавите. Црвениот крст на РМ, согласно сопствените капацитети веднаш се вклучи во санирањето на последиците од поплавите, за што на најпогодените семејства им беше дистрибуирана помош во храна, средства за хигиена, ќебиња, душеци и флаширана вода за пиење. Црвениот крст на РМ согледувајќи…

повеќе...

Нема пријави за заразни болести во поплавените региони во Чешиново-Облешево

Кризниот штаб денеска одржа состанок во општината Чешиново-Облешево по настанатите поплави во подрачјето, на кој присуствуваше и министерот за здравство, Никола Тодоров, заедно со професори, доктори-епидемиолози и специјалисти по хигиена од Институтот за јавно здравје и Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството, како и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје. На состанокот е констатирано дека досега нема пријави за заразни заболувања на ова подрачје, а Центарот за јавно здравје будно ја следи состојбата во однос на безбедноста на водата за пиење и евентуална појава на заразни…

повеќе...

Спасов, Јанакиевски и Тодоров во посета на општина Чешиново-Облешево

Министрите за труд и социјална политика Диме Спасов, за транспорт и врски Миле Јанакиевски и за здравство Никола Тодоров денеска ги посетија поплавените населени места во општината Чешиново-Облешево. На заедничкиот состанок во општината беше анализирана состојбата со последиците од поплавите и направените штети, а беа превземени мерки за санирање на последиците. „Состојбата во оваа општина е алармантна. Водата за пиење во сите населени места е загадена и не е за пиење. За таа цел договорено е во наредните часови вода на жителите да им биде донесена вода со цистерни од…

повеќе...

Ставрески во Прилепско, состојбата сериозна, но под контрола

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески заедно со градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески и со Кризниот штаб од Општината денеска е на терен за да се информираат за состојбата по обилните врнежи и невремето викендов. Тој ги посети населените места Тополчани и Чефигово каде во близината каналот Блацо се влева во Црна Река. Според Ставрески, состојбата е навистина сериозна, но во овие околности е под контрола. „Обилните врнежи во пелагонискиот регион оставија сериозни последици и состојбата е навистина сериозна во сите општини и населени места во регионот. Состојбата бара…

повеќе...