Нагрден изгледот на новите автобуски постојки

Нагрден изгледот на новите автобуски постојки во Охрид. Автобуските постојки беа поставени минатата недела, а веќе денес можеме да го видиме (зло)делото на вандалите кои ја исчкртаа постојката која се наоѓа на булеварот „Туристичка“, помеѓу ОУ „Григор Прличев“ и Гимназијата „Св.Климент Охридски“. WebOhrid

повеќе...

Се поставуваат нови автобуски постојки во Охрид

Во рамките на Годишната програма на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици за комунално уредување на градот а согласно приоритетите на градоначалникот Никола Бакрачески за осовременување на градот ,деновиве започна поставувањето на нови автобуски постојки на територијата на општина Охрид. Според предвиденото, ќе бидат поставени вкупно пет нови автобуски постојки на најфреквентните локации на булеварот „Туристичка“. Две ќе бидат во блилзина на марќетот „Тамаро“ непосредно пред пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Абаз Емин“,една веднаш по новоизградениот кружен тек на прескот на Туристичка со ул.„Македонски просветители“. Деновиве ќе биде поставена нова…

повеќе...