In Memoriam – Проф. Зоран Бачев

По долго боледување рано утрово на 48 годишна возраст почина професорот по математика Зоран Бачев. „Во чест и спомен на Професор Зоран Бачев утре (28.05.2017 год.) во 11:30 часот во Централната зграда на ОУ „Братство Единство“ ќе се одржи Комеморативна седница. Се покануваат колегите, пријателите, родители, ученици да присуствуваат на истата.“ – информираат од ОУ „Братство Единство“. Посмртните останки ќе бидат изложени утре од 13:00 до 14:00 часот во Капелата на градските гробишта во Охрид.

повеќе...