„Чех Ерлајнс“ и „ТАВ Македонија“ го реализираа првиот лет од обновената редовна линија Скопје – Прага

Со традиционален поздрав со воден мост, овој петок, рано изутрина „ТАВ Македонија“ посака добредојде на првиот лет од Прага до аеродромот „Александар Велики“ со што, по пауза од четири години, заедно со „Чех ерлајнс“ се обнови редовната линија меѓу Скопје и главниот чешки град. Леталото во три часот истото утро замина за Прага и на тој начин беше реализиран и првиот повратен лет помеѓу двете дестинации. „Особено сум задоволен што нашата намера да се обнови редовната врска меѓу Скопје и Прага, што официјално ја најавивме на почетокот на декември, се…

повеќе...

Нова авионска линија Скопје – Прага

Авиокомпанијата Чех ерлајнс ќе ја обнови редовната авионска линија Скопје – Прага од 20 мај годинава, со три лета неделно. Билетот во еден правец чини 5.039 денари (85 евра), а повратен 9.725 денари (159 евра) со вклучени такси. Воспоставувањето на редовната линија Скопје – Прага го потврдија денеска на прес-конференција Јан Тот, директор за комерција, врски и маркетинг во Чех ерлајнс и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски, во присуство на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски. Летови од Скопје кон Прага, како што најави Тот, ќе има…

повеќе...

Промоцијата на Охрид во Прага – Успешен модел за соработка меѓу општината и македонските амбасади во странство

Вчерашната презентација на Охрид во Прага е модел за успешна промоција на туристичките можности на градов во странство од една, но и модел за добра соработка меѓу македонска амбасада и општина од друга страна. Градоначалникот Никола Бакрачески на своите работни средби со македонските амбасадори во странство, непосредно по нивното именување , главен акцент ставаше на можноста за заедничка туристичка промоција и привлекување странски инвестиции во Охрид. Плод на тие разговори беше вчерашната успешна презентација на Охрид пред сите позначајни туроператори од Чешката Република, како и пред тамошните медиуми и новинари…

повеќе...