ЈП „Охридски Комуналец“ ќе ги отстранува хаварисаните возила

Се известуваат сите сопственици на хаварисани возила или возила кои не се употребуваат во сообраќајот, а се наоѓаат на јавни површини на територијата на општина Охрид, да ги отстранат сопствените возила. Доколку сопствениците доброволно не ги отстранат возилата, истото ќе го направи ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид по налог на Комуналната инспекција, а на сметка на сопствениците на возилата.

повеќе...

Наскоро ќе се дислоцира и такси стојалиштето на улица „Гоце Делчев“

Согласно одлуката за дислоцирање  на дел од такси стојалиштата, донесена од страна на Советот на општина Охрид, деновиве интензивно се работи на нејзино реализирање. Активностите течат според утврдената динамика, при што се почитуваат сите прописи за ставање во функција на стојалиштата. Од Одделението за сообраќај и улици информираат дека се направени сите подготовки и деновиве, согласно одлуката на Советот, ќе биде дислоцирано и такси стојалиштето кај маркетот ДОН на улицата „ Гоце Делчев“.

повеќе...