Редица возила на создадоа гужва на Богородица. Августовската смена на туристи и продолжениот викенд предизвикаа поголема сообраќајна раздвиженост од вообичаената на овој граничен премин. Утрово, во краток временски интервал имаше подолго задржување на возилата за излез од Македонија, но не поради должината на царинските формалности, туку поради сообраќајна несреќа кај гевгелиското село Прдејци, која заврши само со материјална штета, изјави командирот Митко Илиев, пренесува Република. Порталот, повикувајќи се на информации од граничната полиција, пишува дека сите возила што во тој момент биле задржани до расчистување на патот пристигнале речиси истовремено…
повеќе...