Иванов: Ние на Балканот го чувствуваме отсуството на ЕУ и на НАТО, што може да ја загрози стабилноста на Балканот

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес во Струга приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија. На приемот, што традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања имаа претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. г. Олег Шчербак. „Ова е моето 8. обраќање пред дипломатскиот кор во Република Македонија. Годинава, не би сакал да го повторувам веќе кажаното. Нема да зборувам за политичката криза во…

повеќе...