Кинескиот поет Беи Дао, добитник на „Златен венец“ на СВП за 2015

Кинескиот поет Беи Дао е лауреат на наградата „Златенвенец“ на Струшките вечери на поезијата за 2015 година. Одлуката денеска во Македонската академија на науките и уметностите ја соопшти претседателот на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата, Славе Ѓорго Димоски. Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето пред присутните рече дека Струшките вечери на поезијата се наш национален бренд и потврдуваат дека Република Македонија е земја која силно ги респектира различностите, културните вредности и автентичните поетики кои го чинат европското и светското културно богатство, но оваа манифестација на извонреден…

повеќе...