Средби со ректорите и претставниците на државни универзитети, претседателите на Студентските парламенти и Синдикатот за образование, наука и култура

Министерството за образование и наука на Република Македонија информира дека во текот на денешниот ден беа реализирани одделни средби со ректорите и претставниците на државни универзитети, претседателите на Студентските парламенти и Синдикатот за образование, наука и култура, а во врска со предложениот пакет мерки за унапредување на целокупниот образовен систем во земјата. Средбите се дел од планот за детално информирање на сите засегнати страни по однос на новините кои на иницијатива на Министерството за образование и наука ги предложи Владата на Република Македонија. Раководствата на универзитетите, синдикалната организација, како и…

повеќе...

Регионалниот одбор на СОНК Охрид се приклучи кон штрајкот со глад за поддршка на штипските професори

Од денес Советот на синдикатот започна  штрајк со глад, во знак на поддршка за тројцата професори од штипскиот Економски факултет кои останаа без работа. Во штрајкот се вклучени над 50 наставници и професори – членови на раководните органи, односно Советот и претседателството на СОНК. Формалната одлука дефинитивно да се приклучи на штрајкот со глад СОНК ја донесе синоќа, откако  истече крајниот рок до кој синдикатот бараше од Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ да го спроведе решението на Државниот просветен инспекторат и да ги поправи грешките во постапката со кои тројцата професори не…

повеќе...