Завршува реконструкцијата на постоечките надворешни скали во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Во завршна фаза е реконструкцијата на веќе постоечките надворешни скали во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти. Како што информираат од училиштето, со овој проект ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во училиштето, а секако ќе се подобри и безбедноста на учениците кои учат тука. Реконструкцијата се реализира со средства од ОУ „Живко Чинго“, а наjголем дел со средства од Црковниот одбор од Велгошти. WebOhrid

повеќе...