Санација и реставрација на фасадата на Архивската зграда во Струмица

Во рамките на Годишната програма за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година и во согласност со Акцискиот план на Владата на РМ за санација на фасади од староградската архитектура, во тек е реализацијата на проектот за санација и реставрација на фасадата на Архивската зграда во Струмица каде што е сместена репрезентативна музејска поставка која ги отсликува историјата и традиција на овој град низ вековите. Надлежната установа, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Струмица, го изработи основниот проект, а по завршувањето на…

повеќе...

Заев: Израснати садници за здрава средина, а не фарса како власта

Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, општинската администрација и вработените во општинските јавни претпријатија, денеска, засадија квалитетни повеќегодишни садници од бор и туја на локацијата на старата струмичка депонија за цврст отпад која што се наоѓа до гасната станица на ЈПЕД „Струмица гас“. Со засадувањето на вакви садници, општина Струмица уште еднаш го даде својот влог и го потврди сериозниот однос кон животната средина. Градоначалникот Заев, истакна дека општина Струмица го следи денот на дрвото, но со сопствена агенда, затоа што не верува во малите садници на власта. „Веќе неколку…

повеќе...

Двајца струмичани транспортирале азиланти во Дортмунд

СВР Струмица до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција достави кривична пријава против М.М.(40) и О.А.(39) двајцата од Струмица поради постоење основано сомневање дека пријавените сториле кривичното дело „злоупотреба на безвизниот режим со државите членки на Европската унија и на Шенгенскиот договор„ по чл.418-д ст.3 в.в. ст.1 од КЗ. Имено прво и второпријавениот во текот на минатата година со цел да се стекнат со имотна корист врбувале, поттикнувале, организирале и превезувале лица во државите од Европската унија и Шенгенскиот договор најчесто во градот Дортмунд, Германија со цел лицата…

повеќе...

Се сруши полициски хеликоптер во Струмица, четворица загинати

Полициски хеликоптер се урна вечерва во близина на Струмица. Точниот број на патници во хеликоптерот не се знае, но според неофицијални информации загинале две или четири лица. Противпожарните екипи ги гаснат остатоците од хеликоптерот, а увидот уште е во тек. Според првичните информации од очевидци на терен, хеликоптерот најверојатно закачил предавателски антени во близина на Кванташкиот пазар во Струмица. Хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица. Извор: Нет Прес

повеќе...