Нов случај на украдени регистарски таблички во Грција

Граничната полиција евидентираше нов случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Р.Грција. Имено, на 24.08.2015 г. на граничниот премин „Богородица“ од страна на А.В. од Свети Николе, пријавено е дека на 20 или 21.08.2015 г. во местото Пефкохори, украдени му се двете регистарска табличка од ПМВ „Ауди“. Ова е трет случај во кој се украдени регистарски таблички, а досега се регистрирани и шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Р.Грција.

повеќе...