Центарот за Едукација на тренери при ФФМ ги информира тренерите кандидати кои се пријавени за курсот за добивање на УЕФА А Тренерска Диплома дека е потврден терминот на одржување на првиот од трите семинари од курсот и тоа:
13 – 17 Ноември 2015 год. во Спортскиот Центар на Хотел Истатов – Нов Дојран, со почеток во 12 часот.
Термините за одржување на останатите два семинара од курсот ќе бидат договорени во координација со тренерите кандидати во оваа група.
Од ФФМ ги информираат тренерите дека зголемувањето на бројот на семинари за добивање на УЕФА А Диплома се должи на зголемување на фондот на часови од страна на Одделот за едукација на тренери на УЕФА, а ФФМ е обврзана истото да го примени.
Присуството на пријавените тренери е задложително за цело времетраење на курсот.