T-Home и T-Mobile продолжуваат под еден бренд – Телеком

Отсега на македонскиот пазар ќе биде препознатлив само еден бренд – брендот Телеком. Брендовите Т-Home и T-Mobile згаснуваат. Под брендот Телеком ќе се нуди целото портфолио на услуги од Македонски Телеком, наменето за приватни и деловни корисници. Наскоро, компанијата го воведува новиот концепт на интегрирана понуда – Magenta 1, кој ги задоволува комуникациски потреби на целото семејство, дома и во движeње. Македонски Телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Home и T-Mobile и воведува еден бренд – Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на…

повеќе...

Поевтини роамингот меѓу Македонија, Србија, Црна Гора и БиХ

Од денеска стапува во сила спогодбата за пониски цени на роаминг услугите помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Цената на минута разговор во роаминг за македонските граѓани се намалува за повеќе од 73 проценти, а на мегабајт интернет за над 90 проценти. АЕК во согласност со Законот за електронските комуникации по јавна расправа на 10 март годинава донесе Одлука за утврдување на максималните цени на услугите во роаминг во јавни мобилни комуникациски мрежи со земјите со кои Република Македонија потпиша регионална спогодба за роаминг. Поевтини роамингот меѓу…

повеќе...