T-Home и T-Mobile продолжуваат под еден бренд – Телеком

Отсега на македонскиот пазар ќе биде препознатлив само еден бренд – брендот Телеком. Брендовите Т-Home и T-Mobile згаснуваат.

Под брендот Телеком ќе се нуди целото портфолио на услуги од Македонски Телеком, наменето за приватни и деловни корисници.

Наскоро, компанијата го воведува новиот концепт на интегрирана понуда – Magenta 1, кој ги задоволува комуникациски потреби на целото семејство, дома и во движeње.

Македонски Телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Home и T-Mobile и воведува еден бренд – Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на услуги наменети за приватни и деловни корисници. Отсега под Телеком брендот ќе се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници, како и и Cloud решенија.

„Воспоставувањето на еден бренд има за цел поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на Македонски Телеком. Нашата компанија и понатаму ќе продолжи да ги нуди најдобрите услуги и грижа за единствено корисничко искуство од едно место и под еден брeнд Телеком.

Наскоро, под брендот Телеком ќе го претставиме новото интегрирано продуктно портфолио – Magenta 1, едноставен концепт којшто е лесно прилагодлив на специфичните потреби за комуникациски услуги на секој корисник. Magenta 1 ветува незаборавно корисничко искуство и многу забава за целото семејство, дома и во движење. Станува збор за концепт којшто во целост е прилагоден на динамичниот живот и потреби на современиот корисник.“ – информираат од компанијата.

„Ние сме најголема компанија во државата и гарант на силниот развој на телекомуникациската индустрија. Со своите инвестиции, Македонски Телеком ќе продoлжи да биде двигател на промените на пазарот, а истовремено и поддржувач на македонската економија и општество. Нашите следни активности се насочени да останеме лидери на пазарот. Од тука, воспоставувањето на еден Телеком бренд и воведувањето на новиот продуктен концепт целосно е во согласност со глобалната стратегија на Дојче Телеком Групацијата како телекомуникациски лидер во Европа. Наскоро воведуваме ново продуктно протфолио коешто покрива спектар на телекомуникaциски услуги, согласно специфичните потреби на еден современ корисник“. – изјави Андреас Маиехофер, главен извршен директор на Македонски Телеком на средба со новинарите во Берлин.

Македонски Телеком на 19 септември со цел да го прослави брендот Телеком организира голем настан во Скопје за сите граѓани на Република Македонија, којшто ќе биде за паметење и ќе овозможи забава и незаборавно дружење.