Утре стартува државната матура

За 18.370 ученици од завршните години во средните училишта, утре почнуваат полагањата на предметите од државната матура. Тие ќе полагаат по новиот концепт, таканаречен 1+2 модел, според кој е предвидено полагање на 3 екстерни и еден интерен предмет, истакна министерот за образование и наука Спиро Ристовски на денешната прес конференција. „Мајчиниот јазик е задолжителен екстерен предмет за сите ученици, додека кај другите два екстерни предмети постои можност за избор. Првиот, се избира од 2 општообразовни наставни предмети и тоа, математика и странски јазик за учениците од гимназиско и средно стручно…

повеќе...

Ќе се унапредува претприемачкиот дух кај учениците

За да се развие претприемачкиот дух кај учениците, во наставните планови и програми Министерството за образование и наука воведе соодветни теми. Изменети се наставните содржини по шест предмети во основното образование (информатика, математика, биологија, хемија, физика и ликовно), а во сите средни училишта е воведен предмет „Иновации и претприемништво” од прва до трета година и „Бизнис и претприемништво” во четврта година. За имплементација на проектот за претприемништво, обучени беа над 2.500 наставници во основното и над 1.300 во средното образование. Со цел да се запознаат со успешни искуства во бизнисот…

повеќе...

Наградените ученици од основните училишта на прием кај градоначалникот

Учениците од Основните училишта кои добија награди на Конкурсот за изработка на креативни предмети и творби на тема „Македонија земја на цвеќето – земја на розите“ , денеска беа на прием кај градоначалникот Никола Бакрачески. Градоначалникот им го честита успехот кои го постигнаа им посака уште поголеми успеси на сите полиња и ги увери дека и во иднина ќе ги помага и дека нивниот труд секогаш ќе биде валоризиран. Наградените основци во знак на благодарност за подршката која им ја дава општина Охрид и градоначалникот Бакрачески му подарија реплика од…

повеќе...