Повик за спас на Националниот Парк „Галичица“

Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOS ги повикуваат сите граѓани активно да учествуваат на јавната расправа за измени во Планот за управување со Националниот Парк „Галичица“ како би го искажале своето мислење за планираните градежни активности во НП „Галичица“ пред да биде доцна, со цел да го зачуваме природното богатство од уништување. Националниот Парк „Галичица“, веќе и официјално е во опасност од уништување! Новите измени во Планот за управување со Националниот Парк, кои јавно се изнесени на нивната официјалната веб-страна, подразбираат отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја…

повеќе...

Изложба на фотографии за биодиверзитетот на НП „Галичица“ и Охридското Езеро

Општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „Галичица“ и Нуркачки клуб „Амфора“ денес на малиот плоштад во Охрид организираa изложба на фотографии за биодиверзитетот на Национален парк „Галичица“ и Охридското Езеро, а по повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија, „Природата- наше здравје, наше богатство“. Целта на овој настан е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон природното богатство. Изложбата ќе биде отворена до 26-ти јуни (петок) од 10:00 до 20:00 часот.

повеќе...