Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика при Централните полициски служби во Биро за јавна безбедност при МВР до Основното јавно обвинителство на Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.Т. (44) од Скопје, за сторено кривично дело “оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, по член 251 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Во текот на јуни минатата година А.Т. неовластено навлегол со администраторски корисник во компјутерски систем – компјутерска серверска единица „WIN-KLS5VM0LT8C“ во сопственост на компанијата „Некстсенс ДОО“ од Скопје на која била хостирана Интернет страницата www.exploringmacedonia.com и…
повеќе...