Соопштение за организирање на повторена јавна анкета и јавна презентација за нацрт ДУП за УЗ.18, УБ 18.1 и дел од УБ.18.2

Согласно член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл. весник на РМ“ бр. 51/05, бр.137/2007,бр.91/2009,124/10,18/11,53/11,144/12,55/13,70/13,163/13) Градоначалникот на општина Охрид, донесе:

С О О П Ш Т Е Н И Е

ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ПОВТОРЕНА ЈАВНА АНКЕТА И ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НАЦРТ ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА УЗ.18, УБ 18.1 И ДЕЛ ОД УБ.18.2
ОХРИД 2011-2016

1. СЕ СООПШТУВА на граѓаните на град Охрид дека е организирана повторена јавна анкета и јавна презентација за Нацарт-Детален Урбанистички План за УЗ.18, УБ 18.1 и дел од УБ.18.2.

2. Просторот на планскиот опфат во Нацрт-Детален урбанистички план за УЗ 18, УБ 18.1 и дел од УБ 18.2, „ЧЕКОШТИНА“,оформен е од границата на планскиот опфат: Магистрален пат Охрид-Скопје, Новопроектирана улица и Граница утврдена со Грнералниот Урбанистички План Охрид 2002-2012.

3. Повторената Јавна анкета за Нацрт планот ќе трае од 19.02.2014 година заклучно со 04.03.2014 година.Повторената Јавната презентација ќе се одржи во големата сала на општина Охрид на ден 24.02.2014 год. во 13 часот.

4. Заради обезбедување пристапност во увидот на граѓаните и правните лица планот ќе биде истакнат во холот на општина Охрид пред големата сала за состаноци.

5. Стручната служба ќе дава објаснување секој работен ден од 10 до 15 часот во просториите на општината Охрид.

6. Заинтересираните граѓани и правни лица своите предлози и забелешки додека трае јавната анкета и јавна презентација можат да ги доставуваат на анкетни листови до организаторот на анкетата.

7. Ова Решение влегува во сила со денот на донесувањето.

Градоначалник,
Никола Бакрачески