114 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Ѓорѓи Николов Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век. Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново…

повеќе...

144 години од раѓањето на Гоце Делчев

Македонија денеска одбележува 144 години од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, роден е на денешен ден во 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола. Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до…

повеќе...

Одбележани 143 години од раѓањето на Гоце Делчев

Во Скопје денеска беа одбележани 143 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев. Во црквата „Свети Спас“ беше одржана Панихида, а делегации на на државни институции, политички партии, здруженија на граѓани, општини и установи положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев. Собраниската делегација ја предводеше потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски, а Владината – вицепремиерот Владимир Пешевски. Цвеќе беше положено и на спомениците на Делчев на плоштадот „Македонија“ и во Градскиот парк. Гоце Делчев, визионерот кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на…

повеќе...