Со изградба на повеќе хотелски комплекси ќе се збогатува понудата во туристичките центри во Република Македонија, а со цел да се зголеми бројот на посетители. На охридското крајбрежје засега е најавена изградба на три луксузни хотели, а во Дојран неодамна беше најавена изградба на уште два хотелски комплекси со што дополнително ќе се зголеми понудата за посетителите и во двата туристички центри. На почетокот од годинава на охридското крајбрежје започнаа активностите за изградба на луксузен хотел. За две години туристичката понуда на Охрид ќе биде збогатена со хотелскиот комплекс на…
повеќе...Tag: хотели
Странски компании заинтересирани за изградба на луксузни хотели во Охрид
Познати странски компании од Украина, Катар, Англија и Азербејџан се интересираат за изградба на хотелско- угостителки комплекси на потегот кај поранешната Детска болница, во населбата „Свети Стефан“ кои битно би допринеле во развојот на здравствениот туризам во Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески објасни дека Управата за имотно правни односи при Министерството за финансии има објавено и вториот оглас за продажба на земјиштето на оваа локација со намена за изградба на хотели од висока категорија. „Првиот оглас кој беше објавен пред околу месец и половина заврши и на него немаше пријавени кандидати.…
повеќе...Четири луксузни хотели ќе се градат на брегот од Охридското Езеро
На брегот од Охридското езеро ќе се градат четири луксузни хотели кои се дел од инвестицискиот бум што се случува во Охрид во рамки на хотелскиот бизнис. Брендот “Small luxury hotels“ веќе е дел од Охрид . На јужната страна од брдото кај „Инекс Горица“ Дивелоп Груп“ ги започна активностите за изградба на луксузниот хотел кој ќе биде алка од овој ланец на 520 хотели кои ги има во преку 70 земји на сите континенти . Објектот ќе биде на површина од околу 7 илјади метри квадратни со 100 соби…
повеќе...Хотелите и угостителите ќе плаќаат за музиката што ја пуштаат во објектите
Хотелиерите и угостителите ќе плаќаат надомест за музиката што ја пуштаат во нивните објекти, согласно Законот за авторски и сродни права. Вчера во Стопанската комора беше потпишан договор меѓу Здружението на угостители и туризам и Организацијата Македонска музичка индустрија за висината на надоместокот за фонограми. Со договорот се утврди, хотелиерите да плаќаат по две денари од бод односно по ноќевање за музичките изведувачи. Освен бројот на ноќевања, она што ќе влијае на цената која хотелиерите треба да ја платат е и големината на објектот, оддалеченоста од плажа итн. Па, така…
повеќе...