Попладне прекин на сообраќајот кај патот Пресека – Врбјани

Денес, на патниот правец А2Е Охрид – Кичево, делница Пресека – Врбјани, во период од 15:00 до 16.00 часот ќе се изведуваат градежни работи на патот – минирање. Во тој период делницата ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај.