Подобрување на условите за живот во руралните средини, создавање поволна средина за економски развој и отворање работни места, корегирање на регионалните диспаритети и придонес во процесот на намалување на отселувањето од руралните области е основна цел на новата мерката „инвестиции во руралната инфраструктура“од ИПАРД програмата на ЕУ. За подобра имплементација на оваа мерка во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој беше спроведен твининг проект со Агенцијата за земјоделски пазари и рурален развој на Словенија како твининг партнер, финансиран од Инструментот за претпристапна помош на ЕУ. Проектот овозможи зајакнување на…
повеќе...Tag: агенција
Туристичкиот производ на Македонија за прв пат претставен на меѓународниот туристички Б2Б саем „RDA Workshop” во Келн, Германија
Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за прв пат Македонија и туристичките агенции од земјава, ќе ги претстават туристичките потенцијали на меѓународниот туристички Б2Б саем „RDA Workshop” во Келн, Германија кој се оддржува од 21-23ти Јули оваа година. Претставници на АППТРМ, туристичките агенции и хотелијери ги промовираат туристичките производи на Македонија на нов модерен штанд со промотивни материјали и конкурентни туристички понуди за европските и светските туристички бизнис работници и потенцијални туристи. Германскиот туристички пазар е се поатрактивен за Македонија поради директните авионски линии на Wiz…
повеќе...Презентирани првичните оценки од контролите на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитерен надзор на Руската федерација
Врз основа на неодамна потпишаниот Протокол за соработка на Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација ја врши првата инспекциска контрола на македонските оператори со храна од животинско потекло кои сакаат да извезуваат на пазарот на Руската федерација. Контролите кои тие ги спроведат се однесуваат на проверка на нивната усогласеност со ветеринарно-санитарните и фитосанитарите барања на законодавството на Евроазијската економска унија и на Руската Федерација.На 23 јули ќе завршат контролите кои ги спроведуваат мешани тимови составени…
повеќе...Големи успеси на балканското и европското првенство во бодибилдинг и фитнес
По повод големиот успех на балканското и европското првенство во бодибилдинг и фитнес, денес директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески организираше прием за македонските репрезентавци и осфојувачи на медали во бодибилдинг и фитнес . Заедно со репрезентативците во делегацијата беа присутни и челниците на Македонската Бодибилдинг и фитнес федерацијаита. Директорот Спасески им го честиташе големиот успех и истакна дека македонскиот бодибилдинг и фитнес веќе претставува сериозен учесник на сите големи меѓународни натпреварувања во сите категории и останатите држави гледаат со респект кон Македонија.Директорот Спасески изјави: „Ми претставува…
повеќе...„Рајанер“ потврди – планира да лета до скопскиот аеродром
Европскиот најфреквентен нискобуџетен авиопревозник, “Рајанер” ја потврди својата намера дека планира да воспостави авиолинии кон Македонија, односно до скопскиот аеродром “Алескандар Велики”, пренесува порталот “Екс-ју Авиејшн њуз”. Оваа потврда следува откако премиерот Никола Груевски минатата недела соопшти дека владата преговара со една од најпознатите нискобуџетни авиокомапнии во светот. Менаџерот за комуникации на „Рајанер“, Робин Кајли, изјави дека моментално се водат преговори со македонската влада за потенцијални линии до скопскиот аеродром. Македонската влада нуди субвенции за нискобуџетни авиопревозници, слични на оние кои ги има овозможено за превозникот „Визер“, кој пак воспостави…
повеќе...Кик боксерите на прием во Агенцијата за млади и спорт
Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беше организиран прием за македонската кикбокс репрезентација, која на неодамна завршеното Балканско првенство во Ниш. Србија, постигнаа одлични резултати и ја претставија Македонија во вистинско светло. „Освоените 6 медали во конкуренција на преку 220 репрезентативци на 10 балкански држави говори за тоа дека Македонскиот кик бокс има светла иднина. Тоа се докажа и во минатото на Европските и Светските првенства, каде нашите репрезентативци во континуитет имаат одлични настапи и се освојувачи на највисоките одличја” – изјави директорот на Агенцијата за млади…
повеќе...Прием во АМС на македонскиот каратист Пеце Наумовски
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги прими македонскиот каратист Пеце Наумовски од Австралија и пратеникот за Австралија и Нов Зеланд, г-дин Васко Наумовски. На приемот во Агенцијата за млади и спорт, младиот македонски каратист го запозна директорот за постигнатите успеси како шампион во карате за Австралија во борби до 67кг. Спасески му честиташе на Наумовски за досегашниот успех и му посака уште многу спортски резултати. Дополнително ја искажа неговата сатисфакција за правецот во кој се движи македонското карате во Австралија, потенцирајќи дека Агенцијата за млади…
повеќе...Агенцијата за млади и спорт организираше прием за медалистите од Баку
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска оствари средба со членовите на македонската карате репрезентација и наши најдобри каратисти во моментов, Емил Павлов и Мартин Несторовски, кои освоија медали на неодамна завршените Европски игри во Баку, Азербејџан. „Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, за што говорат и резултатите. Имено, во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вице-шампиони во повеќе категории и во машка и женска конкуренција, со што карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава. Тоа се…
повеќе...И во Србија организирани „Денови на македонски туризам”
На 26-ти јуни во Ниш, Србија се одржа средба со туристички работници, туристички агенции, туроператори и медиуми во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Македонија. Настанот се организира во Ниш, јужниот дел на Србија со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Српски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја. Локалните медиуми го одбележаа настанот и ја пренесоа пораката на директорот на АППТМ, г-дин Кристијан Џамбазовски дека Македонија е безбедна…
повеќе...АППТ во Бугарија организираше „Денови на македонски туризам”
АППТ во Бугарија организираше „Денови на македонски туризам”. Настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја. Настанот беше збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра , а најсреќните имаа можност да бидат добитници на автентични производи од Македонија, тоа се охридските бисери, филигранот со македонски рубин и се разбира викенд во Охрид за двајца. Македонија и Бугарија како две…
повеќе...