Со субвенционирање на авио линии до поголем број странски туристи

Во насока на побрз туристички развој и привлекување гости со “подлабок џеб“, Општина Охрид ќе субвенционира авио линии со намера да започнат регуларните летови од Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. За таа цел советниците од градскиот Совет на утрешната седница ќе расправаат за носење одлука за конечно објавување на огласот за субвенционирање на авио линии . Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески очекува дека ќе се пројави интерес кај авио компаниите за воспоставување директни летови од Охридскиот аеродром . „Она што е наша заложба е во текот на 2015 година да почнеме…

повеќе...

Позитивни резултати во авиосообраќајот во Македонија

Во првото полугодие од 2014 за околу 70 отсто е зголемен бројот на патници од аеродромот „Александар Велики“-Скопје во однос на 2009 година. Се очекува до крајот на годинава зголемувањето да биде двојно во споредба од пред пет години. Тоа е мини бум во авиосекторот што влијае и на зголемување на бројот на туристи, а се должи на мерките и политиките што ги спроведува Владата во изминатите неколку години. Ова го соопшти вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој денеска со министерот за економија Беким Незири на „Александар Велики“ имаше…

повеќе...

Јанакиески: Македонија добива национален авиопревозник

Македонија добива национален авиопревозник, ваква одлука донесе владата деновиве на седница. Тоа го потврди Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој беше гостин во Дневникот на МТВ. Според министерот кога Македонија има нови модерни авиони и минатата година се постигна бројот од еден милион патници, Владата одлучила да започне процедура, односно пред се да го испита интересот за меѓународни светски познати компании да воспостават база во Македонија.  „Прв чекор е дека ќе направиме испитување на пазарот во соработка со консултант, значи првиот чекор е ангажирање на консултант, кој ќе…

повеќе...

Извршено второто авионско прскање против комарци

Утрово околу 06 часот се изврши второто авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, се одвиваше на на 1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид. Надлежните известуваат дека препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. WebOhrid

повеќе...

Ненадоместлива загуба за МВР – четворица врвни професионалци трагично ги загубија животите

„Синоќа се соочивме со едни од најцрните и најтешки моменти во историјата на Министерството за внатрешни работи.  Загубивме четворица наши искусни колеги, кои со своето знаење, дух и професионализам, оставија длабок печат врз нас и врз работењето на Министерството. Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните. Дозволете да им изразам најдлабоко сочуство на семејствата на: 1. Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години.  2. Марјан Трајковиќ роден…

повеќе...

Се сруши полициски хеликоптер во Струмица, четворица загинати

Полициски хеликоптер се урна вечерва во близина на Струмица. Точниот број на патници во хеликоптерот не се знае, но според неофицијални информации загинале две или четири лица. Противпожарните екипи ги гаснат остатоците од хеликоптерот, а увидот уште е во тек. Според првичните информации од очевидци на терен, хеликоптерот најверојатно закачил предавателски антени во близина на Кванташкиот пазар во Струмица. Хеликоптерот доаѓал од правецот на Ново Село кон Струмица. Извор: Нет Прес

повеќе...

Извршено авионското прскање против комарци

Рано утрово беше извршено првото авионско запрашување против комарци. Запрашувањето го изврши Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство. Запрашувањето кое започна во 05 часот се одвиваше на 1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид.   WebOhrid

повеќе...

Воздухопловството и годинава останува светла точка во развојот на македонскиот транспортен сектор

Воздухопловниот превоз и во 2014 година, останува да биде светла точка во развојот на македонскиот транспортен сектор. Имено, дури за 18, 6 %процент е зголемен бројот на превезени патници во првите пет месеци од годинава во однос на истиот период минатата година на двата македонски аеродроми. Од јанурари до април годинава, со авион биле превезени 433 349 патници и 1 345.000 тони, без да биде вклучен транзитниот транспорт. Количеството на превезена стока во воздухопловниот превоз, пак е зголемено за 22.4 проценти во однос на истиот период минатата година. Истанбул останува…

повеќе...

Авионско прскање против комарци – пчеларите да ги заштитат пчелите

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје –Охрид  ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски  во соработка со Министерството за здравство, во  понеделник на 16 јуни, ќе  врши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот  ќе се одвива на на 1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите  на 16  јуни (понеделник),  да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за…

повеќе...

Потпишан Меморандум за разбирање помеѓу македонското и српското цивилно воздухопловство

Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија Дејан Мојсоски, на 17 април во Скопје, потпиша Меморандум за разбирање со Директорот на Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Србија г. Милан Живановиќ, со цел зајакнување на регионалната соработка во областа на цивилното воздухопловство како и подобрување на ефикасноста и ефективноста при примената на барањата од областа на безбедноста дадени во Спогодбата ЕЗВО. Со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработка при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното…

повеќе...