Автошколите ќе мора да вградат камери во возилата со кои ги обучуваат кандидатите за возачи, за да се контолира дали новите возачи ги исполниле сите норми, но и да се санкционираат евентуалните манипулации при обуката. Ова го предвидува новиот предлог закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој видео надзор автошколите ќе треба да постават и во училниците. Освен обуката, ќе се снима и полагањето на полигон и градското возење. Во случај кога во просторијата и вовозилото не се вклучени камерите, тој наставен час од програмата ќе се повтори…
повеќе...