Проектот за непосредна заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран влегува во финална фаза

Со финансиска поддршка од Министерството за култура на Република Македонија, наскоро целосно ќе се реализира проектот за непосредна заштита на црквата „Св. Илија“ во Стар Дојран, која претставува значајно културно наследство од XIX век. Реализацијата на проектот се одвиваше во неколку фази. Во првата фаза беше направена конзервација на оригинално зачуваните делови од подната покривка на црквата и реставрација на партиите што недостигаат, по што целосно е оформен подот на црквата. На овие конзерваторско-реставраторски активности претходеше археолошко истражување на просторот под подното ниво, со што беа откриени постари сакрални градежни…

повеќе...

Започна Балканското првенство во бадминтон

Денес, во Охрид започна сениорското Балканско првенство во Бадминтон. Првенството ќе трае од 11 до 14 септември од 10 до 19 часот во спортската арена „Билјанини извори“. На првенството свое учество зедоа 10 држави, Македонија, Албанија, Турција, Бугарија, Хрватска, Србија, Грција, Романија, Молдавија и Босна и Херцеговина. „Уверен сум дека покрај спортските натпревари ќе имате и доволно време да го разгледате нашиот град за да ја почувствувате историјата и културата, која во Охрид трае повеќе од 7 илјади години. Како ретко кое место во светот, Охрид, на едно место ги…

повеќе...

Спортската арена „Билјанини Извори“ домаќин на Балканското првенство во бадмингтон

Денес во просториите на ЈП „Билјанини Извори“ се одржа работна средба помеѓу директорот Ристе Мишев и претседателот на Бадмингтон федерацијата Диме Стефановски. Целта на состанокот беше конечната потврда за одржувањето на  Балканско првенство во бадмингтон за сениори и ветерани кое ќе се одржи од 11 до 14 септември во Спортската арена „Билјанини Извори“. На првенството ќе учествуваат повеќе од 200 спортисти од 10 држави од целиот Балкан, така што во континуитет  ЈП „Билјанини Извори“ успева сериозно да се наметне како домаќин на спортските настани од различни спортови се со цел…

повеќе...