Запленети мобилни телефони, рачни часовници, цигари и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани мобилни телефони, рачни часовници, цигари, футроли за очила, нишесте, апарати за обработка на овошје и зеленчук, мрежи за лов на риби, бор-машини, компресори за гуми и сообраќајна дозвола. Задржана е следната стока: Мобилни телефони и часовници – 25 мобилни телефони и 5 рачни часовници, откриени во два одвоени случаи на скопскот аеродром Александар Велики. Во првиот случај, при контрола на личниот багаж и куферите на српски државјанин, кој допатувал со лет…

повеќе...

Откриени измами и мигранти, запленети девизи, алкохолни пијалоци, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три измами, еден обид за нелегален влез на патници и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, алкохолни пијалоци, облека, техничка стока, стаклени чаши и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 15.500 евра, откриени во три одвоени случаи, при контрола на три патнички возила, пријавени за излез од државата, на граничниот премин Богородица. Во првиот случај, при контрола на полски автомобил, управуван од полски државјанин, во рачна ташна сместена на совозачкото седиште, биле пронајдени 18.500 евра,…

повеќе...

Зголемена наплата на приходи, запленети девизи, облека, модни додатоци, фалсификати и друго

Со унапредување на системот за селективни контроли, односно со нивно правилно насочување, во претходниот период царинските контроли беа намалени, а зелениот канал (слободно преминување на стоките) беше удвоен од 35% на 75%. Намалениот интензитет на вршење на царинска контрола овозможи забрзување на царинската постапка за економските оператори кои ги почитуваат царинските и други прописи поврзани со увозот и извозот на стоки и зголемување на ефикасноста и ефективноста во царинското работење при вршење на контроли, без притоа да се намали ефективноста, ефикасноста и резултатите при вршењето на контролите. И во овие…

повеќе...

Запленети девизи, марихуана, цигари, мобилни телефони, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија еден обид за криумчарење марихуана и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, автомобил со бункер, облека, цигари, синтисајзери, инекции, мобилни телефони, ленти за венецијанер ролетни и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 59.100 евра, откриени во два одвоени случаи, при личен претрес на шест турски државјани, кои со германски автомобили се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Богородица. Во првиот случај, при личен претрес на тројца турски државјани, биле пронајдени непријавени 76.000 евра,…

повеќе...

Информација во врска со измената на Законот за ДДВ за пелети, печки на пелети и котли на пелети

На 14 октомври 2016 година во Службен вeсник на Република Македонија е објавена и влезе во сила измена на Законот за данокот на додадена вредност со која е пропишана повластена стапка на ДДВ од 5% за пелети, печки на пелети и котли на пелети. Со оглед дека, во согласност со одредбите на наведениот закон (член 30 став 3), добрата кои подлежат на повластена стапка на данокот на додадена вредност, како во внатрешен промет така и од увоз, поблиску се определуваат од страна на Владата на Република Македонија, заради правилна и…

повеќе...

Откриени мигранти и запленети девизи, техничка стока, фалсификати и друго

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија обид за влез на илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани девизи, делови за автомобили и воздухоплови, мобилни телефони, дрон, мерен уред, облека, обувки и фалсификати. Задржана е следната стока: Девизи – 5.800 евра, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики. Во првиот случај, во џеб од фармерките на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Ајндховен, Холандија, биле пронајдени непријавени 5.000 евра, за кои не поседувал документ за…

повеќе...

Спречен шверц на 1250 штеки цигари на патниот правец Радишани – Бутел

На 14 октомври 2016 година, околу 19:30 часот, при редовна царинска контрола во внатрешноста на територијата на Република Македонија, поточно во населбата Радишани-Скопје, царинските инспектори од Одделението за истраги – Сектор за контрола и истраги, забележале патничко моторно возило „Volkswagen“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од лицето А.Ќ. од Скопје. Обидот да се запре возилото со помош на звучна и светлосна сигнализација бил неуспешен. Возилото продолжило да се движи и со нагло свртување на лево била предизвикана сообраќајна незгода со друго возило. И покрај предизвиканата сообраќајна незгода, лицето напуштајќи го…

повеќе...

Забранет влез во Македонија на 23 албански државјани кои збирале костени кај струшко Франгово

Вчера во 16.30 часот на подрачјето на струшко с.Франгово, кај м.в. „Фериште“, била забележана група на луѓе како берат костени, при што од страна на полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, биле затекнати и приведени 23 лица-албански државјани. Кај лицата биле пронајдени 17 вреќи со костени, кои со потврда за привремено одземени предмети им се одземени и се наоѓаат во ПС за ГН-Франгово. На лицата им е изречена мерка „забрана за влез во Р.Македонија“ и во 21.00 часот биле предадени на ПС за ГП „Ќафасан“.

повеќе...

Спречен обид за шверц на 24 килограми марихуана

Царинските службеници од граничниот премин Табановце вчера спречија обид за шверц на 24 килограми марихуана. На 12 октомври 2016 годинa (среда), околу 22:45 часот на излез од Македонија на граничен премин Табановце се пријави патничко моторно возило со шведски регистарски таблици управувано од албански државјанин со иницијали А. Г. На прашање од царинскиот службеник дали има нешто да пријави, лицето одговори дека нема ништо за пријавување, но и покрај тоа царинскиот службеник започна со контрола на возилото и личен претрес на лицето. При прегледот, царинскиот службеник забележал дека на подот…

повеќе...

Делегација на Царината учествува на семинар „Е-трговијата како можност или предизвик за царинските служби на ЕУ“

Делегација на Царинската управа на Република Македонија, предводена од директорката, Наташа Радеска Крстевска, заедно со високи претставници на царинските администрации од земјите членки на ЕУ, претставници од Европската комисија, Светската царинска организација, како и претставници од бизнис заедницата, учествуваше на семинарот „Е-трговијата како можност или предизвик за царинските служби на Европската унија“, од 10 до 11 Октомври 2016 година, во Краков – Полска. Целта на семинарот беше учесниците да завземат заеднички и координиран пристап кон предизвиците кои произлегуваат од е-трговијата и можностите за нивно успешно надминување. Имено, е-трговијата кај пратките…

повеќе...