Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2ри април 2017 година (недела), во црквата „Св. Никола“ Геракомија Варош – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот недела на „Св. Марија Египетска“. На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...Tag: црква
Ограбена црква во струшко с.Мали Влај
Во периодот од 20:00 часот на 29.03.2017 до 09:00 часот на 30.03.2017 година непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Никола“ во с.Мали Влај, струшко. Сторителот, без видливи оштетувања, влегол внатре и одзел четири икони. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
повеќе...Свети Кирил, архиепископ Ерусалимски
Роден е во Ерусалим во времето на Константин Велики, а умре во времето на Теодосиј Велики (315 г. – 386 г.). Во 346 година го посветија за свештеник, а во 350 г. го наследи на престолот блажениот ерусалимски патријарх Максим. Трипати го симнуваа од престолот и го испраќаа во прогонство, додека најпосле во времето на Теодосиј не го вратија, па проживеа мирно уште осум години и Му ја предаде душата на Господ. Тој имаше две тешки борби: од една страна со аријанците кои се засилија во времето на Константиновиот син…
повеќе...Утре ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица
Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 31ви март 2017 година (петок), во црквата „Успение на Пресвета Богородица Каменско – Охрид, со почеток во 17:00 часот, ќе се служи мало повечерие со Акатист на Пресвета Богородица, (последен во Великиот пост), на Акатистот ќе богослужи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј. Исто така богослужби ќе има и во сите парохиски цркви. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко молитвено прославување.
повеќе...Свети Алексиј човек Божји и Светиот маченик Марин
Свети Алексиј човек Божји Различни се патиштата по коишто Бог ги води оние што сакаат да Му угодат и да го исполнат Неговиот закон. Во времето на царот Хонориј во Рим живееше високиот царски достоинственик Ефтимијан, многу угледен и многу богат. И тој и жена му Аглаида животот го минуваа богоугодно. Иако беше богат, Ефтимијан само еднаш дневно седнуваше на трпеза, и тоа по залезот на сонцето. Имаа син единец, овој Алексиј, кој кога порасна го принудија да се ожени. Но ноќта по свадбата тој не само што ги остави…
повеќе...Светиот маченик Савин и Светиот апостол Аристовул
Светиот маченик Савин Мисирец од градот Хермопол и хермополски старешина. За време на едно гонење на христијаните се оддалечи во една планина заедно со многумина христијани и се затвори во една колиба во која времето го минуваше во пост и молитва. Но просјакот којшто му носеше храна, а на кого Савин му имаше направено многу добрини, за два златника го поткажа. Беа фатени Савин и уште шестмина. Војниците ги врзаа и ги потераа на суд. После големи маки го фрлија во реката Нил и таму Му го предаде својот дух…
повеќе...Светиот маченик Александар
Светиот маченик Александар Од градот Сида Памфилиска. Намесникот на царот Аврелијан го запраша кој и што е тој. На ова Александар му одговори дека е пастир на Христовото стадо. „А каде е тоа стадо?“, беше следното прашање. Александар одговори: „Низ целиот свет живеат луѓето коишто Христос ги создаде; од нив оние што веруваат во Него се Неговите овци, а тие што се отпадници од Создателот и им робуваат на созданијата и на делата на рацете човечки, на мртвите идоли, како што правите вие, тие се отуѓени од Неговото стадо и…
повеќе...Преподобен Бенедикт
Преподобен Бенедикт Роден е во Нурсиската област во Италија во 480 година од богати и угледни родители. Не се задржа долго по школите, зашто брзо увиде дека заради книшкото учење може да го изгуби „големиот разум на својата душа“. Од училиште излезе како „ ненаучен мудрец и разумен незнајко“. Побегна во еден манастир, каде прими монашки чин од монахот Роман и се повлече во една недостапна гора, па остана во една пештера трудејќи се околу својата душа повеќе од три години. Роман носеше леб и го спушташе со јаже од…
повеќе...Светата маченичка Христина Персијанка и Пренос на моштите на Свети Никифор, патријарх Цариградски
Светата маченичка Христина Персијанка Беше луто мачена во Персија во 6 век заради нејзиното непоколебливо исповедање на верата во Христа.Мачителите толку ја камшикуваа што изнемоште и умре. Нејзината душа влезе во Царството на Господ Христос. Пренос на моштите на Свети Никифор, патријарх Цариградски Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го изобличи. За ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот…
повеќе...Преподобен Симеон Нов Богослов и Преподобен Теофан Исповедник
Преподобен Симеон Нов Богослов Овој богоносен и голем отец на Црквата беше роден во Галата Пафлагониска, воспитан во Цариград и вбројан меѓу дворјаните на царевите Василиј и Константин Порфиророден. Остави с ѐ заради Христа и се повлече во манастир. Се подвизуваше под раководство на старецот Симеон, потоа беше игумен на манастирот на Св. Мамант и најпосле живееше како пустиник. Најголем богослов после Св. Григориј Богослов. Ја чувствуваше благодатта во своето срце. Неговите зборови се вистински духовни и богословски откровенија. Се упокои во 1032 година. Моштите му се чудотворни. Преподобен Теофан…
повеќе...