Света литургија по повод празникот Недела на Света Марија Египетска

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 2ри април 2017 година (недела), во црквата „Св. Никола“ Геракомија Варош – Охрид, со почеток во 08:30 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот недела на „Св. Марија Египетска“.

На светата архиерејска литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите верници на заедничко прославување на овој празник.