Светите четириесет маченици во Севастија – Младенци

Светите славни и праведни четириесет маченици во Севастија се група на римски војници кои пострадаа за Бога во 320 години. Нивните имиња се: Кирион, Кандид, Домн, Исихиј, Ираклиј, Смарагд, Евноик, Валент, Вивијан, Клаудиј, Приск, Теодул, Ефтихиј, Јован, Ксантиј, Илијан, Сисиниј, Агиј, Аециј, Флавиј, Акакиј, Екдит, Лисимах, Александар, Илија, Горгониј, Теофил, Дометијан, Гај, Леонтиј, Атанасиј, Кирил, Сакердон, Николај, Валериј, Филоктимон, Северијан, Худион, Мелитон и Аглај. Зикиниј – зет на Константин Велики, император на источната Римска империја, издал наредба за прогонување на христијаните. Тогаш во Ерменија, во градот Севастија, во римската војска…

повеќе...

Свети Теофилакт, епископ Никомидиски и Светиот свештеномаченик Теодорит

Свети Теофилакт, епископ Никомидиски Кога првиот царски советник Тарасиј од мирјанин беше избран за патријарх Цариградски, тогаш заедно со него примија монашки чин многумина од неговите пријатели и приврзаници од световниот сталеж. Меѓу нив беше и овој Теофилакт. Тарасиј го испрати за епископ во Никомидија. Како епископ Теофилакт му беше добар пастир на словесното стадо и се покажа необично преисполнет со милосрдие кон неволните и кон бедните. По смртта на Св. Тарасиј патријаршискиот престол во Цариград го зазеде некој Никифор, а малку подоцна Лав Ерменин седна на царскиот престол. Овој…

повеќе...

Преподобен Емилијан

Преподобен Емилијан Се роди во Рим, а во младоста изврши многубројни и тешки гревови. Но кога се отрезни од грешењето и си дојде на себе, трепереше од самата помисла за Судот Божји. Стапи во еден манастир и со пост, бдение и послушание го скроти и го исуши своето тело. Овде им беше пример на браќата. Ноќе често излегуваше од манастирот и одеше во една блиска пештера на молитва. Бидејќи не знаеше каде оди монахот, игуменот на манастирот една ноќ тајно тргна по него. И таа ноќ тој го виде Емилијан…

повеќе...

Светите Четириесет и двајца маченици од Амореја

Сите беа војводи на византискиот цар Теофил. Кога царот Теофил ја изгуби битката со Сарацените околу градот Амореја, Сарацените го зазедоа градот, заробија многумина христијани, меѓу кои и овие војводи. Останатите христијани или ги убија или ги продадоа во ропство, а војводите ги фрлија во затвор, каде прележаа седум години. Повеќепати доаѓаа муслиманските првенци и ги советуваа да ја примат мухамеданската вера, но војводите не сакаа ни да чујат. Кога Сарацените им велеа дека Мухамед е вистински пророк а не Христос, војводите ги запрашаа: „Ако двајца се препираат за една…

повеќе...

Преподобен Марко Подвижник

Преподобен Марко Подвижник Аскет и чудотворец. Замонашен од својот учител Св. Јован Златоуст во четириесеттата година од животот, Марко помина уште шеесет години во Нитриската пустина во пост, молитва и пишување на духополезни книги. Целото Свето Писмо го знаеше наизуст. Беше многу милостив и плачеше над бедата на секое Божјо создание. Еднаш плачејќи Му се помоли на Бога за слепото малечко на една хиена и тоа прогледа. Од благодарност хиената мајка му донесе една овновска кожа. Но светителот ѝ забрани на хиената во иднина да ги коле овците на кутрите…

повеќе...

Светите маченици Павле и Јулијана и Свети Јаков Постник

Светите маченици Павле и Јулијана Брат и сестра од Птолемаида Феникиска. Беа страшно мачени за Христа од царот Аврелијан и најпосле ги убија со меч. При нивните мачења се покажаа многубројни чуда. Незнабожците што ги видоа се обратија во верата, а некои од нив беа и убиени. Пострадаа во 273 година. Свети Јаков Постник Живееше во 6 век. Толку се восоврши во богоугодниот живот што со молитва ги лечеше најтешките болни. Но непријателот на човечкиот род наведуваше врз него силни искушенија. Така еднаш едни подбивачи испратија кај него една развратна…

повеќе...

Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти

Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти Почитувани велгоштани, Ние од Црковниот одбор од с. Велгошти повторно ви укажуваме на проблемот со гробни места во с. Велгошти како што тоа го направивме пред околу една година и пол. Од тогаш до денес имаме иницирано средба со М.З. Велгошти од каде имаме само усмена поддршка и практично до денес не е преземена никаква активност. Исто така, писмено се обративме и до Градоначалникот на Охрид, но не добивме никакво известување од надлежните во Општина Охрид. Бидејќи, ние како…

повеќе...

Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Великиот и славен Крстител Јован беше убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекоа главата, Иродијада нареди да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашеше дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеде неговата глава и ја закопа на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата. Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можеше да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопа, ја однесе во Ерусалим и…

повеќе...

Преподобен Еразмо, монах Печерски

Денес е празник посветен на Преподобен Еразмо, монах Печерски. Од родителите наследи големо богатство и целото го потроши за украсување на црквите, особено за посребрување и позлатување на икони. А кога осиромаши и остана без ништо сите го презреа. Ѓаволот му нашепна дека залудно си го потроши имотот: наместо да им го раздаде на сиромасите тој го потроши за украсување на црквите. Еразмо му се подаде на ова искушение и поверува, заради што се презре себеси и падна во очајание, па почна да живее беспатно и беззаконо. Кога му се…

повеќе...

Преподобен Тимотеј

Денес е празник посветен на Преподобен Тимотеј. Пустиник на местото наречено Символи на азискиот Олимп. Од малечок стапи во манастир, се замонаши и с ѐ до длабока старост го помина животот во пост, молитва, бдение и непрестаен труд. Остана чист и целомудрен до крајот на животот. А на чистите и целомудрените Бог им дава власт над духовите на злобата, па му ја даде и на Тимотеј. Трудејќи се околу својата душа Тимотеј успеа да Му изгради прекрасен храм на Светиот Дух во себеси. Овој свет човек се упокои во 795…

повеќе...