Подигнато спомен-обележје во Ливоишта во чест на Благојче Крстаноски

Денес во селото Ливоишта беше откриена спомен плоча (спомен чешма) посветена на Благојче Крстаноски, професионален војник на АРМ, кој го загуби животот на 8 април 1999 година на караулата Блаце. Спомен обележјето со сесрдна помош на Општина Охрид го постави Организацијата на резервни офицери на Република Македонија. На денешната церемонија во името на Општина Охрид се обрати градоначалникот Никола Бакрачески: „Денешниот ден е исполнет со емоции кои ја отсликуваат тагата по прерано загинатиот Благојче Крстаноски, но и емоции исполнети со гордост што Благојче го имавме меѓу нас, кој на олтарот…

повеќе...

Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти

Соопштение од Црковен одбор с. Велгошти до жителите на с. Велгошти Почитувани велгоштани, Ние од Црковниот одбор од с. Велгошти повторно ви укажуваме на проблемот со гробни места во с. Велгошти како што тоа го направивме пред околу една година и пол. Од тогаш до денес имаме иницирано средба со М.З. Велгошти од каде имаме само усмена поддршка и практично до денес не е преземена никаква активност. Исто така, писмено се обративме и до Градоначалникот на Охрид, но не добивме никакво известување од надлежните во Општина Охрид. Бидејќи, ние како…

повеќе...

Прво издание на манифестацијата „Ноќ на Виното” во Мешеишта

Здружението за промоција на Вино Редеш – Мешеишта, во рамките на своите активности годинава за прв пат ќе ја организира манифестацијата „Hoќ на виното“. Во рамките на манифестацијата ќе настапат познати естрадни ѕвезди, Eлена Велевска, Татијана Стефаноска и Маестрал бенд, проследена со дегустација на македонски вина и избор на најдобро вино од Мешеишта и регионот. Сите активности во програмата која е подготвена за оваа манифестација во основа има негување на културата, традицијата и обичаите, истакнување на лозаро-винската компонента и развојот на винскиот туризам и промоција на квалитетно вино кое се…

повеќе...

АЕК ќе избира оператор што ќе обезбеди интернет во руралните места

Околу 10.000 домаќинства од рурални и најмалку населени места првпат ќе добијат пристап до интернет во рамки на универзалната услуга од оператор што Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира да го избере на тендер до крајот на годинава. Директорот на АЕК, Сашо Димитријоски, појасни дека станува збор за домаќинства во населени еста за кои операторите немаа комерцијален интерес да инвестираат и да обезбедат пристап и пренос на податоци за да се обезбеди ефикасен пристап до интернет. „Сега треба да добијат можност да се поврзат на интернет преку некоја фиксна или…

повеќе...

Се чистеше патот кон селото Завој

Во изминативе денови екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” беа ангажирани на расчистување на патот кој води до селото Завој, со цел да се зголеми прегледноста за движење на возилата. „Ангажирани беа 5 работници за косење на тревата и сечење на трњето покрај коловозот, при што беа отстранети големи количини на зелен отпад.“- велат од претпријатието.

повеќе...

Конак Завој

Конакот Завој се наоѓа во срцето на селото Завој, оддалечен на само 16 километри од Автобуската станица во Охрид. Овој конак претставува одлично место каде ќе можете да се одморите, рекреирате и релаксирате, како и да вкусите традиционални јадења од македонската кујна. Кога станува збор за рурален туризам, Конакот Завој е новиот, а може да се каже и најголем бисер во Македонија. Располага со 8 опремени соби и еден апартман. Домаќините велат дека конакот свечено ќе биде отворен до почетокот на месец јуни, до кога се очекува да бидат ставени…

повеќе...

Македонскиот модел на проектот „Од град во село за нов почеток“ споредено со другите држави нуди најмногу бенефиции

Миграцијата село-град е еден глобален феномен со кој се борат многу држави во светот. Сите на различен начин се справуваат, нудејќи различни можности. Но она што се нуди со македонскиот модел на проектот „Од град во село за нов почеток“ кој го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има убедливо најмногу бенефиции и предности. Со моделот се нуди пакет на мерки и бенефиции кои што ќе се состојат од парични средства за купување, изградба на нова, или реконструкција на стара и веќе постоечка куќа на село во износ до 6…

повеќе...

Eлшанци избраа нов Совет на Месна Заедница

Синоќа, пред 55 присутни полнолетни жители на село Елшани, во просториите на ОУ „Свети Наум Охридски“ во Елшани се одржа изборно собрание од кое се предложија и утврдија новите членови на Советот на месна Заедница Елшани. Најпрвин се избра работно тело  во кое  беа предложени  именувани: претседавач, записничар и лице кое ги броеше гласовите  од присутните. Новоизбраниот претседавач, проф. Димче Донески ја отвори изборната седница по упатствата на претставниците од Локалната самоуправа кои го надгледуваа гласањето и изборот на новите членови на Советот на МЗ Елшани. На предлог на претседавачот…

повеќе...

Во ТЛЕР се одржа работилница во насока на подготовка на стратегија за рурален развој

Денеска во Секторот за Туризам и Локален Економски Развој се одржа една од неколкуте работилници со цел сите чинители и инволвирани во руралниот развој со заедничко дефинирање на суштинските проблеми и приоритетни работи да помогнат во подготовката на финален документ – стратегија за рурален развој на Охрид за 2014- 2018 година. Од ТЛЕР велат дека ваква стратегија е повеќе од неопходна, бидејќи до сега не била донесена во Општина Охрид, а е многу битна како документ на кој што понатака ќе се повикуваат, Градоначалникот Никола Бакрачески, Советот и општинската администрација…

повеќе...

Владата бара идеи за најдобар модел за концесионирање со „Македонско село“

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев на прес-конференција изјави дека проектот туристички комплекс Македонско село кој е дел од Програмата на Владата на Република Македонија, и како таков тој влегува во завршната фаза од својата реализација. Во однос на завршувањето на градежните работи, Владата е информирана дека најдоцна до крајот на годината ќе бидат завршени сите градежни работи на овој проект и тој ќе биде спремен за пуштање во употреба на почетокот на следната 2014 година. Она што е најбитно е дека Владата за оваа цел, и од…

повеќе...