Преподобен Симеон Мироточив

Преподобен Симеон Мироточив Стефан Немања, голем владетел на српскиот народ, бранител на Православието, истребител на ересите. Беше прво крстен во латинската црква, но подоцна се ослободи од неа и стана член на православната Црква. Кога ја утврди државата и православната вера во неа, тогаш по примерот на својот син Сава прими монашки чин во манастирот Студеница во 1195 година и го доби името Симеон. Неговата жена Ана исто така прими монашки чин, го доби името Анастасија и се повлече во женски манастир. По две години монаштво во Студеница Симеон замина…

повеќе...

Во Велгошти ќе се одржи традиционалниот маскенбал по повод Прочка

По повод празникот Прочка – Поклади, во недела (26ти февруари), во село Велгошти, Месната заедница на селото го организира традиционалниот маскенбал. „Како и до сега, на маскенбалот се очекува да се пријават голем број на лица со креативно изработени маски. За најдобрите изработени маски во повеќе категории обезбедени се и богати награди.“– информираат од МЗ Велгошти. Настанот започнува во 11:00 часот од игралиштето пред спортската сала „Тодор Александров. WebOhrid

повеќе...

Светиот маченик Георгиј Кратовски

Денес e празник посветен на Светиот маченик Георгиј Кратовски. Македонец од градот Кратово. По занает златар. Во срцето и со сета душа христијанин. Имаше осумнаесет години кога Турците сакаа да го потурчат, но остана тврд во верата како прекрасен дијамант. Тогаш Турците го мачеа со најлути маки и најпосле жив го запалија. Пострада за Христа на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на царот Селим и се прослави со невенлива небесна слава.

повеќе...

Светиот свештеномаченик Харалампиј

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Харалампиј. Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, но слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го иструживте старото тело, а ми го обновивте духот за…

повеќе...

Во Охрид ќе се одбележи 28ми февруари – Ден на ретките болести

Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ предводени од кампањата на ЕУРОРДИС (Европска Организација за Ретки Болести), заедно со Црвен крст Охрид и Зш Авантура, под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести“ со низа активности ќе го одбележи Денот на Ретки Болести, кои пред се ќе бидат насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите. Стартот на маршот за подршка на лицата заболени од ретки болести ќе биде на…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Петар Дамаскин

Светиот свештеномаченик Петар Дамаскин За овој светител едни мислат дека живеел во 8 век, други во 12 век. Оваа разлика во мислењата секако доаѓа оттаму што постоеја двајца светители со името Петар Дамаскин. Овој за кого овде станува збор беше голем подвижник. Несебичен до крајност, самиот немаше ниедна книга, но ги позајмуваше и ги читаше. А читаше неуморно собирајќи мудрост. Едно време беше епископ во Дамаск, но бидејќи зборуваше против мухамеданството и манихејската ерес, Арапите му го пресекоа јазикот и го испратија во прогонство длабоко во Арабија. Но Бог повторно…

повеќе...

Свети Симеон Богопримец и пророчица Ана

Денес е празник посветен на Свети Симеон Богопримец и пророчица Ана. Во времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше Пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот „девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на…

повеќе...

Сретение Господово

На празникот Сретение Господово Црквата го слави споменот на значајниот настан во земниот живот на нашиот Господ Исус Христос (Лука 2, 22-40). Во 40-от ден по раѓањето, Богомладенецот беше принесен во Ерусалимскиот храм – центар на верскиот живот на богоизбраниот народ. Според законот Мојсеев (3. Мој. 12), на жената што ќе роди машко дете, во текот на 40 дена ѝ било забрането да влегува во храмот Божји. По истекот на тоа време, мајката доаѓала во храмот со младенецот за да Му принесе на Господа благодарствена и очистителна жртва. Пресвета Дева,…

повеќе...

Света архиерејска литургија по повод празникот Сретение на Господ Исус Христос

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 15-ти февруари (среда), во црквата „Успение Пресвета Богородица“, – Каменско – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Сретение на Господ Исус Христос“, со почеток во 08:45 часот. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високо-преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Светиот маченик Трифун

Денес е празник посветен на Светиот маченик Трифун. Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен…

повеќе...