Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител

Денес православните христијани го одбележуваат празникот посветен на Собор на Свети Јован Предвесник и Крстител. Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на Светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк беше убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто…

повеќе...

Светиот крст во Велгошти во рацете на Небојша Јовановиќ

Големиот христијански празник Богојавление- Водици се одбележа и во Велгошти. Меѓу неколкуте скокачи во Велгошти, најсреќен беше младиот Небојша Јовановиќ. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! Видео: Кристина Китроз

повеќе...

Богојавление – Водици

Православните христијани денеска го прославуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на…

повеќе...

Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Собор на Светите Седумдесет aпостоли Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа с ѐ двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 – 5). Но како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, но не со намера за предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И како што…

повеќе...

Обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски

Денес православните христијани го слават празникот Обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски. Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан…

повеќе...

Среќна Православна Нова Година

Почитувани читатели, Ви посакуваме Среќна Православна Нова година! Имајте година исполнета со многу здравје, љубов, среќа и благосостојба! Нека е за многу години празнувањето на Св.Василиј! Ваш WebOhrid

повеќе...

Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски

Денес празник посветен на Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски. Тој е роден на островот Еврип, а воспитан е во Цариград, кај најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква и наспроти неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид, каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 г. до 1108 г.). Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари. Напишал…

повеќе...

Преподобна Теодора Цариградска

Денес е празник посветен на Преподобна Теодора Цариградска. Монахиња и послушничка на Св. Василиј Нови (под 26 март). По смртта му се јави на Св. Григориј, ученик на Василиј, и му ги опиша дваесетте митарства што ги минувала нејзината душа дури со помошта на молитвите на Св. Василиј не влегла во вечниот спокој. Се престави кај Господ на 30 декември 940 година.

повеќе...

Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем

Денес е празник посветен на Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем. Бидејќи мудреците од Исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше извршена буквално. Неговите војници некои деца ги убија со меч, други ги разбиваа врз камења,…

повеќе...

Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Tретиот ден од празникот Божик, православните христијани го празнуваат споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој е прв што настрадал за Христосовата вера. Светиот архиѓакон и првомаченик Стефан бил роднина на апостолот Павле, Евреин од Евреите што живееја по елинските области. Беше прв од Седумте ѓакони коишто Светите апостоли ги ракоположија и ги поставија на служба на грижа за сиромасите во Ерусалим. Затоа и го нарекоа архиѓакон. Со силата на својата вера вршеше големи чуда меѓу луѓето. Злобните Евреи се препираа со него,…

повеќе...