Денот на настава на турски јазик неработен за припадниците на турската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 21 декември 2016 година (среда), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на турската заедница во Република Македонија им го честита Денот на наставата на турски јазик.

повеќе...

Светиот свештеномаченик Теодор, архиепископ Александриски

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Теодор, архиепископ Александриски. После двегодишно патријархување, беше мачен и исмеван од незнабожците. Му ставија трнов венец на главата и најпосле го убија заради верата, во 606 година.

повеќе...

Преподобен Атанасиј, затворник печерски

Преподобен Атанасиј, затворник печерски Овој свет човек умре после долг подвиг, браќата го измија, го преоблекоа и го подготвија за погреб. Два дена лежеше така мртов и одеднаш оживе. Кога дојдоа да го погребаат го најдоа како седи и плаче. Потоа се затвори во келија и уште дванаесет години поживеа единствено со леб и вода, со никого не прозборе ни збор. Се упокои во Господ во 1176 година.

повеќе...

Светиот пророк Наум

Светиот пророк Наум Родум од племето Симеоново, од местото Елкесем, од онаа страна на Јордан. Живееше 700 години пред Христа. Двесте години после Пророкот Јона ѝ ја прорече пропаста на Нинивија. Од пророштвото на Јона Нинивјаните се беа покајале, заради што Бог ги поштеди и не ги погуби. Но со време тие заборавија на милоста Божја и повторно се развратија. Пророкот Наум им прорече пропаст. Па бидејќи не принесоа покајание, не беа ни поштедени. Од земјотреси, поплави и оган пропадна сиот град, така што ни местото веќе не му се…

повеќе...

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици

Светите Петнаесет Тиверополски свештеномаченици Во времето на владеењето на царот Јулијан Отстапник, кога христијаните биле прогонувани, Тимотеј, Комасиј, Евсевиј и Теодор ја напуштиле Никеја и се населиле во Солун. Потоа го оставиле Солун и се преселиле во Тивериопол, денешна Струмица. Тимотеј станал епископ на тивериополската Црква. Комасиј се откажал од војничкиот чин и се замонашил проповедајќи го словото на Вистината во тивериополските села. Евсевиј исто така бил монах којшто луѓето најмногу ги привлекувал со своите добри дела. Теодор, епископ, бил еден од триста и осумнаесете богоносни Отци кои учествувале на…

повеќе...

Светиот новомаченик Христо

Светиот новомаченик Христо Албански христијанин, населен во Цариград, градинар по занимање. При продажбата на својот зеленчук се замери со еден Турчин, којшто го наклевети пред судот и рече дека Христо ветил дека ќе се потурчи па одрекол. После мачење го оковаа и го фрлија во затвор. Во затворот некој му понуди да јаде, но тој одби говорејќи: „Подобро гладен да се јавам пред мојот Господ“. Потоа извади врзоп пари што ги имаше под појасот и му ги даде на еден затвореник, со молба да му отслужат неклолку заупокоени литургии. Убиен…

повеќе...

Светиот маченик Јаков Персијанец

Светиот маченик Јаков Персијанец Роден е во персискиот град Елапа или Вилат, од христијански родители, воспитан во христијанската вера и оженет со христијанка. Персискиот цар Издигерд го засака Јаков заради неговата надареност и спретност и го направи прв благородник на својот дворец. Поласкан од царот, Јаков се опрелести и им принесе жртва на идолите на коишто царот им се поклонуваше. Кога слушнаа за ова, мајка му и жена му му напишаа прекорно писмо во коешто го оплакуваа како богоотпадник и душевен мртовец, молејќи го сепак при крајот на писмото да…

повеќе...

Свечена приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“

Основното училиште „ Св. Климент Охридски“ , синоќа со пригодна свеченост, што се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“, го одбележа патрониот празник.На свеченоста учениците изведоа богата културно-уметничка програма.

повеќе...

Свети Ѓорѓија (посен)

Православните верници денес го празнуваат Свети Ѓорѓија (посен). Освен како семејна слава, овој ден се слави и како именден и како слава на цели села и градови. Свети Великомаченик Георгиј Победоносец, познат како Свети Ѓорѓија, живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година). Неговите родители биле богати, доброчесни и побожни. Неговиот татко маченички пострадал за верата што и придонело малиот Георгиј така силно да го засака Христа и сецело да Му се предаде, да Му служи и со својот живот маченички да…

повеќе...

Продолжија чествувањата за празникот Св.Климент Охридски

Со богослужба со која чиноначалствуваше владиката Тимотеј во Свети Климентовата Црква на Плаошник, денес продолжија свеченостите по повод 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски. На богослужбата присустуваше и делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески. Градоначалникот Бакрачески го посети и ОУ “Свети Климент Охридски“ и направи увид на поставената нова подлога на спортското игралиштето. Во рамките на денешните свечености, во организација на Лајонс Клубот “Лихнидос“, во комплексот на црквата Света Борогодица Перивлепта, беа откриени две спомен плочи посветени на 130 годишнината од засадувањето на стариот Кочеџик…

повеќе...