Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари

Светиот маченик Јулијан со четириесетмина другари Сите пострадаа околу 300 година. Прво беа мачени, па убиени со меч. Пред својата смрт, Св. Јулијан Го молеше Бога вака: „На оние што ќе земаат од правот мој, подај им, Господи, простување на гревовите и стивнување на страстите. Нивните полиња нека не ги напаѓаат ни штетни птици, ни скакулци, ни гасеници, ни други смртоносители, а мојот дух прими го во мир.“

повеќе...

Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул

Светите маченици Македониј, Татијан и Теодул Пострадаа за Христа во времето на Јулијан богоотстапникот, а во местото Мероса Фригиска. Беа луто мачени заради разорувањето на некоја идолска статуа. Ги печеа на железна леса с ѐ додека не Му ги предадоа душите на Бога. Додека ги гореа на оган овие храбри мажи му се потсмеваа на мачителот: „Нема да пробаш од нашето месо како е испечено?“ И уште велеа, како славниот ѓакон Леонтиј: „Сврти н ѐ на другата страна, зашто оваа веќе се испече!“ Гледајќи ги и слушајќи ги мачениците на…

повеќе...

Среда неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2016 година (среда), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

повеќе...

Спомен на Третиот Вселенски Собор

Денес се празнува споменот на Третиот Вселенски Собор. Овој Собор се состана во 431 година во Ефес, во времето на царот Теодосиј Помладиот. На Соборот присуствуваа двесте отци. Овој Собор го осуди Несториј, Цариградскиот патријарх, заради еретичкото учење за Пресвета Дева Марија и за раѓањето на Господ. Имено, Несториј не сакаше да Ја нарекува Пресветата Дева Богородица, туку Христородица. Со осудата на Несториј Светите отци утврдија Пресветата Дева да се именува Богородица. Освен тоа, ги потврдија одлуките на Првиот и Вториот Вселенски Собор, особено Никејо-Цариградскиот Символ на Верата и заповедаа…

повеќе...

Светите Јоаким и Ана

Денес е празник посветен на Светите Јоаким и Ана. Свети Јоаким беше син на Варпафир, од Јудиното колено, и потомок на царот Давид. Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од коленото Левиево, како и првосвештеникот Арон. Тој Матан имаше три ќерки: Марија, Совија и Ана. Марија се омажи во Витлеем и ја роди Саломија; Совија се омажи исто така во Витлеем и ја роди Елисавета, мајката на Свети Јован Предвесник; а Ана се омажи во Назарет за Јоаким и во својата старост Ја роди Пресвета Богородица. Јоаким и Ана живееја…

повеќе...

Верниците се поклонуваат пред чудотворната икона на Богородица во Калишта

Во манастирот „Пресвета Богородица“ во струшкото село Калишта денеска се одбележува големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица. По тој повод од синоќа голем број верници од Охрид, Струга и околните места палат свеќи и се молат за здравје и среќа. Денес беше отслужена света литургија на која чиноначалствуваше Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Манaстирот го посетуваат и граѓани од други религии кои веруваат во исцелителната моќ на Пресвета Богородица. Денес е Празник на иконата на Пресвета Богородица во Калишта Во манастирот на Пресвета Богородица близу…

повеќе...

Одбележан Светскиот ден на мирот

На Градскиот плоштад, денска, со пригодна свеченост се одбележа Светскиот ден на мирот. По тој повод членовите на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, симболично маршираше од нивното седиште по Кеј Македонија до Градскиот плоштад. Во име на градоначалникот на Охрид, се обрати заменик градоначалникот, Ангел Јанев кој упати порака за сочувување на мирот и негување на различните вредности. „Не само овој, секој ден е божји и треба да се потсетуваме дека неубавите работи зависат од луѓето. Но и убавите, прекрасните, како: домот, семејството, слободата, мирот, добрососедството, почитувањето на…

повеќе...

Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица

Денес е празник, посветен на Рождеството на Пресвета Богородица – Мала Богородица. Пресвета Дева Марија се роди од своите стари родители, Јоаким и Ана. Татко Ѝ беше од племето Давидово, а мајка Ѝ од родот Аронов. И така Таа по татко беше од царски, а по мајка од архиерејски род и со тоа го предобразуваше Оној Којшто од Неа ќе се роди, како Цар и Првосвештеник. Нејзините родители беа веќе остарени, а немаа деца. И затоа беа посрамени пред луѓето и скрушени пред Бога. И во својата скрушеност Му се…

повеќе...

Ќе се одбележи Европската недела на мобилност – Ден без автомобили

По повод Европската недела на мобилност која оваа година се одржува под мотото „Паметна и одржлива мобилност-влог за Европа“,Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид, 22-ри септември (четврток) го прогласи за Ден без автомобили. Општина Охрид која и годинава е дел од мрежата на европски градови кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност, активностите ќе ги започне во 11 и 30 часот со собирање на учесниците пред зградата на општина Охрид каде ќе настапи хорот при ОУ „Братство-единство“, а потоа ќе се обрати градоначалникот…

повеќе...

Се воведува посебен режим на сообраќај за празникот Мала Богородица

Во врска со претстојното прославување на верскиот празник Мала Богородица, предвидено за ден 20/21 овој месец во манастирот „Св.Богородица“ кај Калишта, полициската станица од Струга ќе преземе повеќе мерки за безбедно одвивање на празникот. Целта на целокупните превентивни активности е одржување на стабилна безбедносна состојба на подрачјето, елиминирање на можностите за вршење кражби и други казнени дела, за нарушување на јавниот ред и мир како и мерки за нормално одвивање на сообраќајот. Со цел создавање услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, за време на одбележувањето на празникот ќе…

повеќе...