Отсекување на главата на Св. Јован Крстител

Денес е Отсекување на главата на Св.Јован Крстител. Ирод Антипа, синот на стариот Ирод, убиецот на Витлеемските младенци во времето на раѓањето на Господ Исус, беше господар на Галилеја во времето на проповедта на Свети Јован Крстител. Овој Ирод беше оженет со ќерката на арапскиот кнез Арета. Но бидејќи зол изданок од зол корен, Ирод ја протера својата законска жена и незаконски ја зеде за сожителка Иродијада, жената на својот брат Филип, којшто сѐ уште беше жив. Против ова беззаконие стана Свети Јован Крстител и силно го изобличи Ирод. Ирод…

повеќе...

Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки

Денес е празник посветен на Светиот маченик Анастасиј (Спасо) Радовишки. Момче од Радовиш, од Струмичката епархија во Македонија. Учеше занает во Солун. Турците го присилуваа да се потурчи, а тој одлучно ги одби. За ова беше мачен и најпосле го обесија на 29 август, 1794 година.

повеќе...

Преподобен Пимен Велики

Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа. Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша: „Сакаш повеќе да н ѐ…

повеќе...

Димитриев: 8-ми Септември е нашиот трет Илинден

Претседателот на Владата на Република Македонија, Емил Димитриев по повод Денот на независноста испрати честитка до граѓаните во која посочува дека 8 Септември е нашиот трет Илинден – празник кога ја славиме нашата независност и кога ја прославуваме нашата победа. „Пред точно 25 години, силно верувајќи во вековната идеја за независност и самостојност, водени од илинденската и асномската идеја и аманетот на нашите предци за труд, постојанство и одлучност во промоцијата и заштитата на националните интереси, македонските граѓани ја донесоа одлуката за слободна, независна и суверена Република Македонија. Одлука која…

повеќе...

Делегација на СДСМ оддаде почит на Киро Глигоров, првиот претседател на Независна Македонија

Делегација на СДСМ, во состав Љупчо Николовски, член на ИО, Аднан Џаферовски, член на ИО и Рената Јајоска, членка на ИО на СДММ утрината оддаде почит и положи свежо свеќе на гробот на првиот претседател на Независна Македонија, Киро Глигоров во чест на 8 септември, денот на Независна Република Македонија. Претседателот Глигоров со мудрите и обединувачки политики ги постави темелите на слободна, независна и суверена Република Македонија и влезе во еден од најсветлите делови на историјата на држава. СДСМ и граѓаните на Македонија продолжуваат по тој пат на единствена, стабилна,…

повеќе...

8-ми септември – Ден на независноста на Република Македонија

Денот на независноста во Македонија е државен празник кој се празнува во Република Македонија на 8 септември. Овој празник ја означува сувереноста, независноста и самостојноста на Република Македонија и македонскиот народ. Референдумот во Македонија се одржа во предвечерјето на распадот на СФРЈ. Врз основа на плебисцитот од декември 1990 година на кој словенечкиот народ со уверливо мнозинство се определи за градење суверена држава и Декларацијата за независност, на 24 јуни следната година Словенија прогласи независност. Веднаш по тој чин дојде до оружени конфликти меѓу ЈНА и словенечката територијална одбрана. Воениот…

повеќе...

Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија

Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во…

повеќе...

Свети Мина, патријарх Цариградски

Свети Мина, патријарх Цариградски Мудро управуваше со Црквата од 536 до 552 година. Претходно управуваше со домот за бедни и неволни на Св. Сампсон. При неговата хиротонија за епископ учествуваше и папата Агапит, којшто тогаш дојде во Цариград за побивање и симнување на патријархот Антим.

повеќе...

Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. Па бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабожците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на четворица маченици: Папијан, Лукијан, Григориј и Акакиј.…

повеќе...

Свети Виктор и Светиот маченик Луп

Свети Виктор Пострада во Марсеј, во 3 век. После тешки измачувања беше фрлен во затвор, каде што ги обрати во верата Христова чуварите. Умре распнат на крст. Светиот маченик Луп Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот…

повеќе...