Писмо: НЕ за експресниот пат

Почитувани сограѓани на општина Охрид и пошироката јавност, љубители на ендемската ни Галичица или Спиридон како што милуваме да ја нарекуваме ние во клубот. Неможев да останам рамнодушен и да не го споделам својот револт кон одговорните во Националниот Парк Галичица, Министерството за Животна Средина, Агенцијата за Просторно Планирање, Јавното Претпријатие за Државни Патишта и претставници од Владата кои беа присутни на денешната јавна расправа, измени во планот за управување на НПГ односно ревидирање на развојните зони и нивни измени, се со цел незаконски да се издејствува решение за градба…

повеќе...

Заклучоци од јавната расправа за Стратегиската оцена на животната средина – НП Галичица

Граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ со свои претставници учествуваше на јавната расправа за новата ревидирана Стратегиска оцена на животната средина (СОЖС) на новиот Нацрт-план за управување со НП Галичица во периодот 2011-2020, која се одржа на 11-ти септември  во просториите на ЈУНП Галичица во Охрид. На расправата беа претставени заклучоците од измените во СОЖС на Планот за управување со НП Галичица по донесената одлука на Владата на Р.М. за изградба на ски-центар, експресен пат А3 Охрид-Пештани и Пештани-Р. Албанија и три туристички развојни зони во Љубаништа, Отешево и Стење. „Би сакале…

повеќе...

Повик за спас на Националниот Парк „Галичица“

Активисти на Граѓанска иницијатива Охрид SOS ги повикуваат сите граѓани активно да учествуваат на јавната расправа за измени во Планот за управување со Националниот Парк „Галичица“ како би го искажале своето мислење за планираните градежни активности во НП „Галичица“ пред да биде доцна, со цел да го зачуваме природното богатство од уништување. Националниот Парк „Галичица“, веќе и официјално е во опасност од уништување! Новите измени во Планот за управување со Националниот Парк, кои јавно се изнесени на нивната официјалната веб-страна, подразбираат отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја…

повеќе...

Дозволи за движење во НП Галичица ќе можат да се подигнат секој работен ден од 9 до 13 часот

Јавната Установа Национанален парк Галичица им соопштува на сите жители на Охрид како и на посетителите поради следниот викенд кој е продолжен дека ќе можат дозволи за движење во границите на паркот да подигнат до петок 31.07 2015, секој работен ден од 9 до 13 часот во дирекцијата на паркот на улица „Велестовски Пат“ б.б. При посетата во паркот заинтересираните треба со себе да понесат лична карта и точно да го знаат времето на посетата на паркот со точна релација. Дирекцијата на паркот апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената…

повеќе...

Изложба на фотографии од планината Галичица и Охридското Езеро

По повод годинешната тема на Зелената недела на Европската Унија, „Природата- наше здравје, наше богатство“, општина Охрид во соработка со Делегацијата на ЕУ, Националниот парк „Галичица“ и Нуркачки клуб „Амфора“ организираат изложба на фотографии за биодиверзитетот на Национален парк „Галичица“ и Охридското Езеро која ќе се одржи од 24-ти до 26-ти јуни од 10 до 20 часот на Малиот плоштад во Охрид. Целта на овој настан е подобра промоција на биодиверзитетот на Охридското Езеро и планината Галичица, потребата од неговата заштита, развивање на чувството за одговорност кон природното богатство.

повеќе...

Патот Охрид – Ресен преку Галичица е расчистен за сообраќај за сите возила

Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина) -врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е расчистен за сообраќај за сите возила. Се препорачува внимателно управување со возилата поради остатоци од снег и можна појава на одрони. Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

повеќе...

Сезонско затворање на патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица

Патниот правец Охрид – Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево e затворен за сообраќај на сите возила. Ова е сезонско затворање на патниот правец преку планaнскиот премин Галичица и ќе биде на сила до 31.03.2015 год.

повеќе...

Странски компании се интересираат за изградба на ски-центарот „Галичица“

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денес најави дека неколку странски компании пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски- центарот на Галичица како и дека преговорите со потенцијалните инвеститори се уште траат. „Во овој момент изработена е физибилити студијата и мастер планот за изградба на овој центар. Во меѓувреме МЕПСО Македонија објави оглас за пројавување интерес за изградба и стопанисување со ски центарот и тој оглас е се уште во тек. Од она што јас можев да го добијам како информација од претставниците на МЕПСО и владините економски промотори знам…

повеќе...

Колку се „грижиме“ за Националниот парк Галичица!?

Националниот парк ГАЛИЧИЦА е во наша непосредна близина и претставува неизмерно богатство што ни го подарила природата. Сите ние понекогаш со гордост го кажуваме тоа, обично кога им го презентираме на некои наши гости, пријатели, дојденци од земјава и странство. Но, да се запрашаме колку ние го посетуваме, колку го познаваме, колку сме придонеле за тој да остане природен симбол на нацијата, и на крајот колку се грижиме за него?! Патролата од извидниците-ровери од нашиот извиднички одред ПИОНЕР при своите редовни обиколки на одредени делови од паркот, во саботата на…

повеќе...