Македонија по втор пат ќе го одбележи Глобалниот ден за хигиена на раце

Република Македонија по втор ќе го одбележи Глобалниот ден за хигиена на рацете (5 мај) на заеднички настан организиран од страна на Мултисекторска комисија за следење на антимикробната резистенција при Министерството за здравство, Медицинскиот факултет во Скопје, Институтот за јавно здравје и Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум”. На истиот настан ќе се лансира и онлајн обуката за здравствени работници за рационално пропишување антибиотици, која е заеднички проект со Медицинскиот факултет при Универзитетот Станфорд од САД. Свесни за ефектот на хигиената на рацете и нејзината правилна примена, Република Македонија и…

повеќе...

Општина Охрид и Јавните претпријатија со акција за расчистување на градот

Локалната самоуправа во соработка со Јавните претпријатија кои се под нејзина ингеренција организираат акција за расчистување, со која ќе се разубави просторот и ќе се зголеми степенот на хигиена. Општинските јавни претпријатија ќе работат на собирање на сметот, расчистување на депониите, уредување на зеленилото и кастрење на дрвјата и грмушките. Екипите со сета потребна механизација која се состои од машини, пили, платформи, камиони и др. најпрвин ќе расчистуваат на потегот од Стобекс до Велгошти и делот од Горна Порта до градскиот пазар и придружните улици.  Во наредните денови ќе бидат третитани…

повеќе...

Пролетни акции на повеќе локации во градот

Екипите на „Јавна Хигиена“ оваа недела реализираат голем број активности за пролетно дотерување на градот. По градскиот кеј и паркот се врши санација и замена на оштетените корпи за ситен отпад. Во целата должина на „Булевар  Туристичка“ темелно се расчистуваат граничниците покрај коловозите и одливните шахти од обраснатата трева, натрупан песок, земја и друг вид отпад. Друга локација на која интензивно се работи деновиве е стариот дел од градот  каде се врши косење на тревата на градското кале. Сите овие активности се одвиваат согласно Програмата за работа за 2013 година…

повеќе...

Акција за подигнување на зелен отпад „Стар Град“

Ј.П. „Охридски Комуналец“ со цел да им излезе во пресрет на потребите на граѓаните на општина Охрид, во секоја сабота од месец април ќе организира акции за подигнување на зелен отпад, а саботите од месеците мај и јуни се резервирани за подигнување кабаст отпад. Овие акции ќе се одвиваат согласно испланираниот годишен календар за 2013 год. Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 06.04.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на зелен отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива…

повеќе...

Според истражувањето на „Аква“: „Комуналец“- Охрид поуспешен од „Комунално“- Струга

Според истражувањето на здружението за развој и активизам „Аква“ од Струга, Ј.П.Охридски Комуналец со многу помал вработени и приближно за половина пониска цена, ја извршува успешно услугата за подигање, транспорт и депонирање на комунален отпад на територијата на општина Охрид, за разлика од ЈП „Комунално“ од Струга. Во Струга цената за физички лица по м² изнесува 4 денари, а во Охрид 2,4 ден. Во Струга 28 % од населението, односно 18 илјади жители, ги опслужуваат 120 вработени, додека пак во Охрид на 18 илјади жители се ангажирани 67 вработени. Нивото…

повеќе...