Светиот маченик Талалеј

Денес е празник посветен на Светиот маченик Талалеј. Родум од Ливан, од татко Верукиј и мајка Ромилија; осумнаесетгодишно момче со прекрасен изглед, со коса црвеножолта. Лекар по занимање. Пострада за Христа за време на царувањето на Нумеријан. Кога храбро ја исповеда својата вера во Господ Христос пред мачителот, овој им нареди на двајцата џелати Александар и Астериј со сврдел да му ги дупчат колената, да му провлечат јаже низ издупчените коски и да го обесат за едно дрво. Но на џелатите како една невидлива сила да им го зеде видот…

повеќе...

Свети Стефан, патријарх Цариградски

Свети Стефан, патријарх Цариградски бил син на царот Василиј Македонец и брат на царот Лав Мудриот. На патријаршискиот престол дојде после Фотиј и со Црквата Божја управуваше од 889 до 893 година. Мирно се упокои и се престави кај Господ, когошто многу го љубеше.

повеќе...

Преподобен Теодор Осветен

Денес е празник посветен на Преподобен Теодор Осветен. Ученик на Свети Пахомиј. Роден и воспитан како незнабожец, но како млад дојде до познание на вистинската вера, се крсти и кога чу за Свети Пахомиј, побегна во манастирот тајно од своите родители. Свети Пахомиј го замонаши и го засака заради неговата необична ревност и послушност. Кога дојде мајка му да го вика да се врати назад, тој не сакаше да ѝ се јави, туку се молеше на Бога за неа, за да ја просветли и неа со вистината. И навистина, мајката…

повеќе...

Свети Ахил, епископ Лариски

Свети Ахил, епископ Лариски Овој голем јерарх и чудотворец беше роден во Кападокија. Учествуваше на Првиот Вселенски Собор, на којшто ги посрами еретиците како со својата ученост така и со светоста, предизвикувајќи голем восхит. Зеде Свети Ахил еден камен и им викна на ариевците: „Ако Христос е создание Божјо, како што велите вие, речете од овој камен да потече елеј?“ Еретиците молчеа и се чудеа на таквата покана од светителот. Тогаш Свети Ахил повторно рече: „А ако Синот Божји е рамен на Отецот, како што веруваме ние, нека потече елеј…

повеќе...

Свети Леонтиј Струмички, патријарх Ерусалимски

Свети Леонтиј е роден во Струмица, поранешен Тивериополис, од богати и благочестиви родители. На Крштението го добива името Лав. Штом научи да чита почна да ги изучува Светото Писмо и житијата на Светиите, a во душата му се роди желба да стане монах. По смртта на родителите се повлече на една осамена гора, каде што почна да се подвизува, а потоа замина за Цариград, каде што стапи во манастирот на Пресвета Богородица, наречен Птелидион, тука примајќи монашки потстриг. Живеејќи во покаен плач и солзи се издвојуваше по особеното почитување и…

повеќе...

Светиот маченик Александар

Словенин. Осумнаесетгодишен војник во војската на царот Максимијан. Одрече да ја изврши царевата наредба за чествување на римските идоли, заради што му беше предаден на капетанот Тиверијан: или да го посоветува да се откаже од Христа или да го мачи и да го погуби. Бидејќи сите совети му беа залудни, Тиверијан го зеде со себе, го поведе низ Македонија кон Цариград, каде што и самиот мораше службено да оди. Во секое место низ коешто ќе поминеа Александар беше луто мачен, но секаде излегуваа пред него христијаните молејќи го за благослов…

повеќе...

Вознесение Христово – Спасовден

Славниот и светол ден на Вознесението Христово, скоро во целиот православен свет е наречен Спасовден (празник на спасителот). Денот никогаш не го менува, секогаш се празнува во четврток, точно на четириесеттиот ден од Воскресението на Господ Исус Христос. Тоа е стар празник, востановен уште од времето на апостолите. Во првите векови на христијанството се празнувал заедно со празникот Светата Педесеттница, а од четвртиот век започнал да се празнува посебно. Спасителот на светот, Господ Исус Христос, секогаш со зборови и дела ги поткрепувал Неговите ученици во ширењето на вистината за Неговата…

повеќе...

Пренос на моштите на Свети Николај, Чудотворец Мирликиски

Пренос на моштите. Во времето на царот Алексеј Комнен и на патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мир Ликиски во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради навалата на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на Светителот се случија многу чуда, како од допирот на моштите така…

повеќе...

Ќе се служи света божествена литургија за празникот Спасовден

Во црквата „Св.Никола – Долна влашка маала – Охрид, на 25 ти мај (четврток) ќе се одржи утрена богослужба со света божествена литургија, по повод празникот Вознесение Христово – Спасовден. Литругијата ќе биде со почеток во 7:30 часот. WebOhrid

повеќе...

Светиот апостол и евангелист Јован и Света Емилија

Светиот апостол и евангелист Јован Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември. А на 8 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, кога Јован имаше повеќе од сто години, зеде седуммина од своите ученици, излезе од Ефес и им нареди на учениците да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа старецот слезе жив во гробот и беше погребан. Кога подоцна верните го отворија Јовановиот гроб, не го најдоа телото во гробот. А на 8 мај секоја година се креваше некоја прашина од…

повеќе...