Светата маченичка Татијана

Денес е празник посветен на Светата маченичка Татијана. Светата маченичка Татијана била Римјанка, од угледни родители. Христијанка и ѓакониса на Црквата. По смртта на царот Хелиогабал во Рим царуваше царот Александар, чија мајка Мамеја беше христијанка. Самиот цар беше колеблив и неодлучен во верата; заради ова во дворецот држеше статуа на Христос и статуи на Аполон, на Авраам и на Орфеј. Неговите доглавници ги гонеа христијаните и без царска наредба. Кога ја изведоа девицата Татијана на мачење, таа Му се молеше на Бога за своите мачители. И ете, ним им…

повеќе...

Преподобен Теодосиј Велики и Блажениот Михаил

Денес е празник посветен на Преподобен Теодосиј Велики и Блажениот Михаил. Преподобен Теодосиј Велики Прв востановител и устроител на монашкото општежитие. Роден е во областа Кападокија, во селото Могаријаси, од благочестиви родители. Како млад го посети Св. Симеон Столпник којшто го благослови и му прорече голема духовна слава. Со кадилницата во која стави ладно ќумурче и темјан, Теодосиј бараше место за да се насели и да основа манастир и запре таму каде што ќумурчето само од себе се разгоре. Овде се насели и почна да се подвизува. Наскоро околу него…

повеќе...

Свети Григориј, епископ Охридски

Денес е празник посветен на Свети Григориј, епископ Охридски. Благочестив учител и пастир на Христовото стадо. Се упокои во 1012 година. Во натписот на црквата Света Софија во Охрид се нарекува Григориј премудриот.

повеќе...

Богојавление – Водици

Православните христијани денеска го прославуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици. Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примајќи Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“. Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна која во Стариот Завет само се навестуваше, за која во Мисир и во Индија единствено се баснословеше: тајната на…

повеќе...

Водокрст, Преподобната мајка Синклитикија, Св.мч.Теопемт и маченикот Теона (строг пост)

Денот пред големиот христијански празник Богојавление – Водици, е празникот наречен Водокрст, на кој секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет. За православните христијани денеска е строг пост. Денес се слави празникот посветен на Преподобната мајка Синклитикија. Преподобната мајка Синклитикија, по потекло од Македонија. Воспитана во Александрија. Како богата и угледна девојка многумина ја бараа за брак, но таа сите ги одби и побегна од домот на нејзините родители во манастир. Поживеа осумдесет години, во најголемо воздржание, пост, бдеење и молитва. Нејзините поуки за монахињите се секогаш сметани за вистински…

повеќе...

Собор на Светите Седумдесет aпостоли

Собор на Светите Седумдесет aпостоли Освен Дванаесеттемина големи апостоли Господ избра уште седумдесетмина други, помали апостоли и ги испрати на проповед на Евангелието, и тоа с ѐ двајца по двајца пред лицето Свое во секој град и место, говорејќи: „Еве, Јас ве испраќам како јагниња меѓу волци“ (Лука 10, 1 – 5). Но како што еден од Дванаесеттемина, Јуда Искариот, отпадна од Господ така и некои од овие Седумдесетмина отстапија од Бога, но не со намера за предавство туку според човечка немоќ и маловерност (Јован 6, 66). И како што…

повеќе...

Празнична свеченост по повод празникот „Богојавление“

Со промоција на документарниот филм „Танцот на пастрмката“ и изложба на подводна фотографија, што ќе се одржи на 17 јануари во Центарот за култура „Григор Прличев“, започнуваат чествувањата за претстојниот празник „Богојавление – Водици 2017“. Главната манифестација ќе се одржи на 19 јануари, каде во 10 часот на Градското пристаниште ќе започне големиот Богојавленски водосвет, а претходно во 07 часот ќе се одржи Утрена богослужба, во 08:30 часот ќе се одржи Света Божествена литургија, а во 09:45 часот поаѓа литиите кон Градското пристаниште. Во 12 часот на „Сараиште“ ќе се…

повеќе...

Обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски

Денес православните христијани го слават празникот Обрезание на Господ Исус Христос и Свети Василиј Велики, архиепископ Кесариски. Во осмиот ден по раѓањето Божествениот Младенец Го донесоа во храмот и според постоечкиот закон во Израилот, како што беше од времето на Авраам, Го обрезаа. Тогаш Му го дадоа името Исус, онака како што Ѝ благовестеше на Пресветата Дева архангелот Гавриил. Старозаветното обрезание е предобраз на новозаветното Крштение. Обрезанието на Господ покажува дека Тој на Себе прими вистинско човечко тело а не привидно, како што подоцна учеа еретиците. Уште Господ е обрезан…

повеќе...

Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски

Денес празник посветен на Блажениот Теофилакт, архиепископ Охридски. Тој е роден на островот Еврип, а воспитан е во Цариград, кај најпрочуените учители на тоа време. Како клирик на Великата Црква и наспроти неговата волја го избраа за епископ и го испратија во Охрид, каде што помина околу дваесет и пет години (отприлика од 1082 г. до 1108 г.). Хоматијан Охридски го нарекува „најмудриот епископ“. Човек со огромно образование, светско и богословско, со префинет византиски вкус, меланхоличен и чувствителен. Меѓу Словените на Балканот Теофилакт се чувствувал како прогонет меѓу варвари. Напишал…

повеќе...

Преподобна Теодора Цариградска

Денес е празник посветен на Преподобна Теодора Цариградска. Монахиња и послушничка на Св. Василиј Нови (под 26 март). По смртта му се јави на Св. Григориј, ученик на Василиј, и му ги опиша дваесетте митарства што ги минувала нејзината душа дури со помошта на молитвите на Св. Василиј не влегла во вечниот спокој. Се престави кај Господ на 30 декември 940 година.

повеќе...