Преподобниот новомаченик Макариј Роден е во местото Кион во Витинија од хриситјански родители, Петар и Антуса, а крстен е со името Мануил. Родителите го дадоа да учи кројачки занает. Потоа татко му се потурчи и се пресели во Бруса. Кога еднаш Мануил појде во Бруса по работа, наиде на татко му, којшто навали на сила да го потурчува. Мануил попусто се противеше: Турците насила го обрезаа. Тогаш тој побегна на Света Гора и се замонаши во скитот на Света Ана и се нарече Макариј. Дванаесет години беше извонреден монах, но…
повеќе...Tag: христијанство
Преподобен Павле Препрости
Преподобен Павле Препрости До својата шеесетта година живееше во светот како оженет човек. Кога ја затекна својата жена во грев, остави с ѐ и отиде во пустината кај Св. Антониј, па се замонаши кај него. Иако беше прост и некнижевен, достигна такво духовно совршенство што ја гледаше душата на секој човек како што обичните луѓе ги гледаат човечките тела. Беше и голем чудотворец, па во некои случаи и го надмина Св. Антониј. Се упокои во длабока старост, во 340 година и влезе во радоста на ангелите.
повеќе...Преподобен Јован Хозевит
Преподобен Јован Хозевит Мисирец. Се подвизуваше во Хозевитската обител во времето на царот Јустинијан. Кога и да служеше литургија во олтарот гледаше небесна светлина. Во негова близина се подвизуваше старецот Ананија. Смирението на овие светители беше чудесно. Еден човек му го доведе на Ананија својот полуден син за да го исцели со молитва. Ананија го испрати кај Свети Јован како кај поголем од себеси. Јован пак, не можеше да не го послуша старецот, но возвикна: „Во името на Исус Христос ти заповеда Ананија а не јас, да излезеш од ова…
повеќе...Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина
Светиот свештеномаченик Кипријан и девицата Јустина Кипријан се досели од Картагена во Антиохија, каде што живееше и Јустина со родителите Едесиј и Клеодонија. Едесиј беше идолски жрец и целиот дом им беше незнабожечки. Но кога Јустина одејќи по христијанските цркви ја спозна вистинската вера, ги обрати и своите родители кон Господа Христа. И сите тројца примија Крштение од епископот Оптат. Кипријан пак, беше волх, имаше врски со нечистите духови и гаташе. Некој развратен млад човек Аглаид, незнабожец, сакаше по секоја цена да ја заведе Света Јустина, бидејќи се занесе од…
повеќе...Светите маченици Давид и Константин
Светите маченици Давид и Константин Христијански кнезови од Аргвент. Беа осудени на смрт за Христа во Имеретија од калифот Емил-ел-Муменим и потопени во река во 730 година. Пред смртта Му се молеа на Бога да им ги прости гревовите на сите коишто ќе го призиваат нивното име во молитва на помош. Откако ја завршија својата молитва пукна гром и се чу глас од небото дека молитвата им е услишена. Моштите им почиваат во Грузија, во манастирот Моцамети.
повеќе...Преподобен Јован Кукузел
Преподобен Јован Кукузел Словенин од Драч. Како момче беше земен во музичката школа во Цариград, каде што стана омилен певец на царскиот дворец. Плашејќи се од човечките ласкања и пофалби побегна на Света Гора и се пријави во Лаврата како овчар. Како овчар и монах се подвизуваше извонредно. На двапати му се јави Пресвета Богородица. Се упокои во 12 век.
повеќе...Покровот на Пресвета Богородица
Покровот на Пресвета Богородица Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите претстателски молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа неотстапно покровителство на Пресветата Дева над христијанскиот род. На 1 октомври 911 година во времето на царот Лав Мудриот…
повеќе...Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
Денес е празник посветен на Светиот Јован Богослов, апостолот и евангелист . Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ,…
повеќе...Собор на сите македонски Светители
Светата Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, со голема слава и чест го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата. Доколку некој упати поглед кон минатото со сигурност ќе види дека на територијата на Македонија во текот на вековите се раѓале и дејствувале голем број на Христови војници кои…
повеќе...Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија
Денес е празник посветен на Светите маченички Вера, Надеж, Љубов и мајка им Софија. Живееја и страдаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (софија – мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добордетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот тие сите четири држејќи се за раце смерно но…
повеќе...