Преподобен Сисој Велики

Денес е празник посветен на Преподобен Сисој Велики. Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После смртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што…

повеќе...

Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија

Наоѓање на моштите на Светата девица Јулијанија Ќерка на Олшанскиот кнез. Умрела околу 1540 година, како девица на шеснаесет години. Двесте години по нејзината смрт копачи на нов гроб крај големата црква во Киевската лавра наидоа на моштите на оваа Света девица, а тие беа сосема цели и нетлени, како штотуку да заспала. Од моштите се јавија многубројни чуда, но и самата Јулијанија повеќепати им се јави на некои. Едно такво видение имаше и прочуениот Петар Могила.

повеќе...

Преподобен Атанасиј Атонски 

Преподобен Атанасиј Атонски  Беше роден во Трапезунт, од богобојазливи родители. Рано остана сираче, но по Божја Промисла го зеде некој војвода, го одведе во Цариград и го даде да ги изучува науките. Заради својата кроткост и смиреност им беше миленик на врсниците. Во детските игри тие ќе го избереа овој за цар, оној за војвода, а Атанасиј за игумен. Како некое претскажување… Кога заврши со училиштето Атанасиј (до постригот Аврамиј) се оддалечи во Малеинската пустина, близу Света Гора, каде што се подвизуваше како ученик на прочуениот Михаил Малеин. Желен за…

повеќе...

Свети Андреј, архиепископ Критски и Света Марта

Свети Андреј, архиепископ Критски Роден е во Дамаск од родители христијани. Се роди нем и така остана до неговата седма година. Кога родителите го одведоа во црква и го причестија, тој проговори. Толкава е силата на Божествената Причест! Во својата четиринаесетта година отиде во Ерусалим и се потстрижи во лаврата на Св. Сава Осветен. Со разумот и подвигот ги надмина многумина постари монаси и им беше пример на мнозина. Потоа патријархот си го зеде кај себе за писмоводител. А кога почна да свирепствува монотелитската (едноволничка) ерес – којашто учеше дека…

повеќе...

Преподобен Александар

Роден е во Азија, школуван во Цариград. По завршувањето на школувањето се предаде на војничка служба и стана офицер. Читајќи го Светото Писмо наиде на зборовите: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди продај с ѐ што имаш и раздели им го на сиромасите, и ќе имаш сокровиште на небото, а потоа појди и врви по Мене“ (Матеј 19, 21). Овие зборови извршија такво влијание врз него, што веднаш продаде с ѐ свое, го раздаде и се оддалечи во пустина. После долготрајни подвизи и трудови за своето очистување, ја востанови Обителта…

повеќе...

Полагањето на ризата на Пресвета Богородица во Влахернската црква во Цариград

Во времето на царот Лав Велики (458 г. – 471 г.), на царицата Верина и патријархот Генадиј, патуваа по Светата Земја двајцата цариградски благородници Галвиј и Кандид, заради поклонение на тамошните светости. Во Назарет отседнаа во куќата на една вдовица Еврејка, којашто во тајна одаја ја чуваше ризата на Пресвета Богородица. Многумина болни и неволни добиваа исцеление за своите маки со молитва и со допирот на таа риза. Галвиј и Кандид ја зедоа Светата риза и ја пренесоа во Цариград, а тоа им го објавија на царот и на патријархот.…

повеќе...

Светите маченици Козма и Дамјан

Денес е празник посветен на Светите маченици Козма и Дамјан. Лекари, бесребрници и чудотворци. Овие двајца Светители беа родени браќа, родум од Рим, уште како деца крстени и воспитани во христијански дух. Имаа голема благодат од Бога да ги лечат луѓето и животните од секоја болест и мака, и тоа со едноставно полагање на рацете врз нив. За својот труд не бараа никаква награда, од болниот бараа единствено да поверува во Господ Исус Христос. Наследија голем имот, но го раздадоа милостиво на бедните и неволните. Во тоа време во Рим…

повеќе...

Собор на Светите славни и сефални апостоли (Павловден)

Иако секој од Светите големи апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина: Петар – 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на…

повеќе...

Светите апостоли Петар и Павле (Петровден)

Денес е празник посветен на Светите апостоли Петар и Павле (Петровден). Светиот апостол Петар, син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16). Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него,…

повеќе...

Света литургија по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 14ти Јули 2016 година (четврток), во манастирот „Св. Козма и Дамјан“ село Опеница – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...