Прво запрашување против комарци на подрачјето на општина Дебрца

Се известуваат жителите кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца  дека утре, 2-ри јули (среда), екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците – прво запрашување. Запрашувањето ќе се врши во период од 22:00 до 05:00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување поставено на пикап возило. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни  водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата. Се молат пчеларите и пчеларските…

повеќе...

Извршено авионското прскање против комарци

Рано утрово беше извршено првото авионско запрашување против комарци. Запрашувањето го изврши Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство. Запрашувањето кое започна во 05 часот се одвиваше на 1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид.   WebOhrid

повеќе...

Авионско прскање против комарци – пчеларите да ги заштитат пчелите

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје –Охрид  ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски  во соработка со Министерството за здравство, во  понеделник на 16 јуни, ќе  врши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот  ќе се одвива на на 1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до манастирот Св. Наум и територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите  на 16  јуни (понеделник),  да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за…

повеќе...

Запрашување против комарци на 1-ви и 2-ри јуни – Пчеларите да ги заштитат пчелите

Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното  соопштение: Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека во деновите 01.06.2014 (недела) и 02.06.2014 (понеделник) екипите на Центар за јавно здравје Охрид  ќе спроведат теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.  Запрашувањето ќе се врши во,…

повеќе...

Извршено второ авионско запрашување против комарци

Рано утрово беше извршено второто авионско запрашување против комарци. Запрашувањето се одвиваше на на 1.500 ha и тоа на крајбрежјето на потег од с. Подмоље до населбата Св. Наум и територијата на град Охрид. Ова беше второ авионско запрашување оваа година. Претходно беа извршени уште три терестички (од земја) запрашувања против комарци на територијата на општина Охрид. Надлежните известуваат дека препаратот со кој се изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и почвата. WebOhrid

повеќе...

Во сабота второ авионско прскање против комарци

Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје – Охрид ги известуваат граѓаните дека Министерството за транспорт и врски  во соработка со Министерството за здравство, во сабота  на 31 август ќе  врши авионско запрашување против комарци. Запрашувањето, почнувајќи од 05 часот  ќе се одвива на  1.500 ha и тоа на  крајбрежието на потег од с. Подмоље до нас. Св. Наум и територијата на град Охрид. Поради запрашувањето против комарци, се известуваат пчеларите на 31 август (сабота), да не ги пуштаат пчелите од кошниците, односно да ги преземат потребните мерки за…

повеќе...