Унгарец на возраст од околу 30-35 години попладнево го загуби животот во Љубаништа, Охрид. Странскиот државјанин летал со параглајдер, по што неофицијално паднал со леталото во водите на езерото. Од охридската полиција за Курир ја потврдија несреќата, истакнувајќи дека смртта кај Унгарецот била констатирана од лекарска екипа. Портаролот за СВР Охрид, Стефан Димовски за Курир изјави дека во моментов се врши увид, а треба да се утврди дали странскиот државјанин имал проблеми со леталото или смртта била предизвикана од здравствени причини. Неговиот идентитет се уште не е утврден. Извор: Нет…
повеќе...Tag: љубаништа
Одлука за спроведување на стратегиска оцена за планскиот документ УП за село Љубаништа дел од блок 9-опфат 1 КО Љубаништа
Врз основа на член 65 став(6) од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ “ бр.53/05,81/05,24/07,159/08,48/10,124/10 и 51/11), Општина Охрид, на ден 10.02.2014г. донесе: Одлука за спроведување на стратегиска оцена 1.За планскиот документ УП за село Љубаништа дел од блок 9- опфат 1 КО Љубаништа, Општина Охрид, Нацрт план 2011-2021 година, кој го донесува Општина Охрид е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина. 2.Како органи засегнати од имплементацијата на планскиот документ УП за село Љубаништа дел од…
повеќе...Марјан Сотироски од Љубаништа го фати крстот во водите на Охридското езеро кај Св.Наум
Во 40-мина скокачи-капачи, Марјан Сотироски од Љубаништа е најсреќниот фаќач на светиот крст во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. WebOhrid
повеќе...Во тек се археолошки истражувања на локалитетот „Рајца-Манастирите“ во Љубанишко Поле
Од НУ Завод за заштита на спомениците на културата Охрид информираат дека нивните стручни екипи со финансиска поддршка на Министерството за култура, ги реализираат археолошките истражувања на локалитетот „Рајца-Манастирите“ на Љубанишко Поле, Охридско. Според досегашните истражувања на двете локации на локалитетот, утврдени се повеќе значајни наоди, делови од градежните структури на два објекти, меѓу кои и остатоци од средновековна црква изградена од камен и варов малтер, со димензии 12 метри должина и 7 метри широчина. Во близина на остатоците од првата градба констатиран е уште еден објект на ранохристијанска базилика…
повеќе...