Преподобен Пимен Велики

Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе кај Свети Паисиј. Кога го виде Паисиј му рече на Павле: „Ова дете ќе пасе многумина, со него е раката Божја.“ Со време Пимен се замонаши и кон монаштво привлече уште двајца од своите браќа. Еднаш дојде мајка им да ги види своите синови, но Пимен не ја пушти внатре, а ја праша: „Сакаш повеќе да н ѐ…

повеќе...

Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија

Светиот маченик Адријан и преподобна Наталија Маж и жена, обајцата од благороден и богат род, од Никомидија. Адријан беше незнабожец и началник на преторот, а Наталија потајна христијанка. Беа млади и живееја во брак тринаесет месеци до мачеништвото. Кога свирепиот цар Максимијан ја посети Никомидија, заповеда христијаните да се фаќаат и да се подложуваат на маки. Во близина на градот, во една пештера, беа собрани дваесет и тројца христијани. Некој ги поткажа кај власта и беа луто камшикувани со воловски жили и биени со стапови, па потоа ги фрлија во…

повеќе...

Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј

Пренос на моштите на Светиот апостол Вартоломеј На овој ден се празнува преносот на моштите на Свети Вартоломеј, додека неговиот главен празник е на 11 јуни. Кога овој голем апостол беше распнат на крст во Албанопол Ерменски, христијаните го симнаа неговото тело и чесно го погребаа во оловен ковчег. Па бидејќи на неговиот гроб стануваа многубројни чуда, особено исцеленија на болни, заради што се зголемуваше бројот на христијаните, незнабожците го зедоа ковчегот со моштите и го фрлија во морето. Во исто време фрлија и четири други ковчези со мошти на…

повеќе...

Свети Мина, патријарх Цариградски

Свети Мина, патријарх Цариградски Мудро управуваше со Црквата од 536 до 552 година. Претходно управуваше со домот за бедни и неволни на Св. Сампсон. При неговата хиротонија за епископ учествуваше и папата Агапит, којшто тогаш дојде во Цариград за побивање и симнување на патријархот Антим.

повеќе...

Светиот свештеномаченик Евтихиј и Свети Георгиј Лимниот (Езерски)

Светиот свештеномаченик Евтихиј Еден од помалите апостоли, родум од Севастопол. Ученик и подражател на Светите апостоли Јован Богослов и Павле. Иако не е вбројан во Седумдесеттемина апостоли, сепак се нарекува апостол затоа што им беше ученик на големите апостоли и затоа што во евангелската служба покажа вистинска апостолска ревност. Посветен за епископ-мисионер, Евтихиј многу патуваше, имајќи за сопатник ангел. Во затворот примаше небесен леб од ангелот. Кога му го стружеа телото со железо, од него течеше крв со необично благоухано миро. Го фрлаа во оган и на ѕверови, но најпосле…

повеќе...

Свети Виктор и Светиот маченик Луп

Свети Виктор Пострада во Марсеј, во 3 век. После тешки измачувања беше фрлен во затвор, каде што ги обрати во верата Христова чуварите. Умре распнат на крст. Светиот маченик Луп Овој свет маж беше слуга кај Свети Димитриј, војвода Солунски. Кога Свети Димитриј беше убиен со меч од царот Максимијан, Луп ги потопи во крвта на маченикот полите од својата наметка и својот прстен. Со таа наметка и со тој прстен тој потоа вршеше многу чуда во Солун, исцелувајќи ги луѓето од секоја мака и болка. За тоа дозна царот…

повеќе...

Светата маченичка Васа и нејзините деца: Теогниј, Агапиј и Пист

Светата маченичка Васа и нејзините деца: Теогниј, Агапиј и Пист Беше жена на идолски жрец, но потајна христијанка. Своите синови ги воспита во христијански дух. Нејзниот маж ја замрази заради христијанската вера и ја предаде на мачење нејзе и синовите. После тешки измачувања ги убија нејзините синови со меч (се мисли дека ова било во Едеса, во Македонија). Васса беше радосна заради чесниот крај на маченичкиот подвиг на нејзините синови и оттогаш самата со уште поголема усрдност минуваше од мака во мака. Кога ја фрлија во морето, се јавија ангели…

повеќе...

Светиот пророк Самуил

Денес е празник посвете на Светиот пророк Самуил. Петнаесетти и последен од Судиите на Израилот. Живееше илјада и сто години пред Христа. Роден е во племето Левиево, од родителите Елкан и Ана, во местото Рамат или Ариматеја, каде што подоцна се роди и благообразниот Јосиф. Бездетната Ана со солзи го измоли Самуил од Бога и штом наполни три години Му Го посвети на Бога. Самуил живееше во Силоам крај ковчегот на заветот, а кога имаше дванаесет години имаше вистинско откровение од Бога за казната што му претстои на домот на…

повеќе...

Преподобен Јован Рилски

Денес е празник посветен на Преподобен Јован Рилски. Овој голем подвижник и светилник на Православната Црква се роди близу Софија во местото Скрина, во времето на царот Борис. Се роди од бедни и благочестиви родители. По смртта на родителите се замонаши и се оддалечи во една дива гора и таму во една пештера почна да се подвизува. Овде претрпе многу напади од демоните и од луѓето, од разбојници и од своите роднини. Потоа се пресели на Рилската Планина и се насели во едно шуливо дрво. Се хранеше само со трева и…

повеќе...

Преподобен Илија Калабриски

Преподобен Илија Калабриски по потекло Грк и настојател на манастирот Меликук во Калабрија, во Јужна Италија. Во времето на иконоборството на Исток многумина источни монаси пребегаа со иконите во Калабрија. Со време во Калабрија многу се распростре монашкиот живот. Калабриските монаси се одликуваа со голема ученост и со голема строгост на животот. Едно време во Калабрија имаше толку многу православни монаси и манастири, што ја споредуваа со древниот Мисир. Православна Калабрија подоцна низ вековите потпадна под охридските архиепископи. Преподобен Илија се упокои во Солун, во 903 година.

повеќе...