Преображение на Господ Исус Христос на Тавор

Празникот Преображение на Господ Исус Христос се слави секоја година на 19-ти август, односно 6-ти август. На овој ден се прославува преображението на Христос на Тавор, кога Господ се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован. Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да…

повеќе...

Света Нона и Светиот маченик Евсигниј

Света Нона Мајката на Св. Григориј Богослов. Како христијанка имаше силна и чудотворна молитва. Така со својата молитва кон Бога таа го обрати својот маж од незнабожечката глупост во христијанската вера. Нејзиниот маж Григориј подоцна беше епископ во градот Назијанз. Света Нона своевремено со молитва го спаси и нејзиниот син Св. Григориј Богослов од бура. Се престави мирно како ѓакониса во 374 година. Светиот маченик Евсигниј Беше војник кај царот Максимијан, кај царот Константин Велики и кај неговите синови. Присуствуваше на мачењето на Светиот маченик Василиск (22 мај) кога виде…

повеќе...

Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан

Денеска православните христијани го слават  празникот „Откривање и пренос на моштите на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан“. Кога злите Евреи го убија со камења Свети Стефан, го оставија неговото тело да го изедат кучињата. Но Промислата Божја сакаше поинаку. Телото на маченикот лежеше на отворено место под градот два дена и две ноќи, а втората ноќ дојде Гамaлиил, учителот на Павле, а потаен ученик на Христа, го зеде телото, го однесе на својот имот во Кафаргамала и овде во една пештера го погреба чесно. Во истата пештера Гамалиил го погреба…

повеќе...

Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар (Богородичен пост)

Денес е празник посветен на Седумтемина Макавеи, нивната мајка Соломонија и свештеникот Елеазар (Богородичен пост). Сите пострадаа за чистата Израилска Вера од царот Антиох, од едни наречен Епифанос (просветлен), а од други Епиманис (безумен). Заради големите гревови во Ерусалим, особено заради грабањето колу архиерејската власт и злосторствата извршени при тие грабања, Бог допушти голема беда на Светиот град. Антиох сакаше да им го наметне елинското идолопоклонство на Евреите по секоја цена и сѐ вршеше во тој правец. Таа негова мисла ја помагаа и некои вероломни архиереи и други старешини ерусалимски. Еднаш…

повеќе...

Светиот свештеномаченик Валентин

Денес е празник посветен на Светиот свештеномаченик Валентин. Беше епископ во италијанскиот град Интерамна. Го исцели болниот брат на римскиот трибун Фронтан. Кога се разболе Херимон, синот на познатиот философ Кратон, посоветуван од Фронтан Кратон го повика Валентин во Рим. Херимон беше сиот згрчен, така што главата му беше свиткана меѓу колената. Валентин се затвори во собата со болниот и цела ноќ ја мина во молитва. Утредента го изведе Херимон наполно здрав и го предаде на татко му. Тогаш се крсти Кратон со целиот свој дом и со своите тројца…

повеќе...

Свети Јован, војник

Денес е празник посветен на Свети Јован, војник. Потаен христијанин. Испратен од царот Јулијан Отстапник да ги убива христијаните, тој не ги убиваше, туку им помагаше да се скријат. Јулијан го фрли во затвор во Цариград. Кога умре злобниот цар, Јован се предаде на подвиг живеејќи во чистота и светост. Се упокои мирно на старост. По смртта им се јавуваше на некои коишто имаа потреба од неговата помош. Молитвите кон него помагаат за пронаоѓање крадци.

повеќе...

Светата маченичка Серафима

Девојка од Антиохија. Живееше во домот на една сенаторка Савина, којашто и ја приведе кон верата во Христа. Кога еден мачител на христијаните по име Вирил слушна за неа, нареди да му ја донесат. Пред него Серафима остана непоколеблива во верата, па тој нареди и ја фрлија во затвор, а потоа ѝ испрати некои момчиња за да преноќат со неа и да ја осквернат. Кога момчињата дојдоа пред затворската врата, Серафима Му се молеше во затворот на Бога. Пред вратата одеднаш застана пред нив ангел Господов со меч во рацете…

повеќе...

Литургија во храмот „Св.Петка“ сместен во дворот на манастирот „Св. Наум Охридски“

На 8-ми август, денот кога го прославивме споменот на преподобната маченичка Параскева Римјанка и светиот маченик Ермолај, во храмот „Св. Петка“, сместен во дворот на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалкствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

повеќе...

Светиот маченик Јулијан

Во времето на царот Антонин Свети Јулијан премина од Далмација во Кампанија Италијанска. Беше млад и убав младич, со сета душа предаден на Господ. На патот го сретнаа царски војници кои одеа да ги фаќаат христијаните. „Мир вам, браќа!“, им се обрати Свети Јулијан. По ваквиот поздрав и по кротоста на неговото лице, војниците заклучија дека е хтристијанин. Кога го прашаа, Јулијан им одговори: „Христијанин сум, родум од Далмација“. Уште отворено им призна и дека патува со цел да ги обраќа идолопоклониците кон единствениот жив Бог. Војниците бездушно го натепаа…

повеќе...

Светите апостоли Прохор, Никанор, Тимон и Пармен

Четворицата беа од бројот на Седумте ѓакони и од Седумдесеттемина апостоли. Останатите тројца ѓакони беа: Стефан, Филип и Николај. Првомаченикот Стефан се празнува одделно на 27 декември, а Филип на 11 октомври. Николај не влезе меѓу светителите заради ерес. А првите четворица немаат посебен ден за празнување, туку сите се спомнуваат на денешен ден, 28 јули. Прохор беше ракоположен од Светиот апостол Петар за епископ Никомидиски. Извесно време беше на служба кај Св. Јован Богослов и на островот Патмос ги забележа откровенијата што ги чу од устата на Св. Јован.…

повеќе...