Првата недела по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“. Имено, по воскресението Христово, кога Христос им се јавил на апостолите да ги утеши и увери во Своето воскресение, светиот апостол Тома не бил…
повеќе...Tag: мпц
Тодорова сабота
На овој ден Тодорова сабота, се слави Светиот великомаченик Теодор, кој бил роден во Мала Азија. Тој многу млад пострадал маченички за верата Христова, затоа црквата одредила неговиот ден да се празнува во првата недела на Великиот пост, односно првата сабота од Светата Четириесетница, а Православната Црква му ја посветува на споменот на чудесното јавување на Христовиот воин Теодор Тирон за избавување на христијаните од неумолливата скверност на царот Јулијан Отстапник. А тоа станало вака: Свети Теодор Тирон во времето на гонењата на царот Максимијан маченички пострада за верата Христова…
повеќе...Богослужби во црквата „Света Богородица“ – Каменско“ за претстојните празници
Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 22-ри фавруари (недела), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи вечерна богослужба, по повод празникот „Прочка – Поклади“, со почеток во 16:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Се известуваат православните верници дека од утре, 22-ри до 26-ти февруари, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, секое утро со почеток во 7 часот, ќе се служи утринска богослужба со часови и вечерна, а пак, вечерта во 16 часот, ќе се служи големо повечерие со…
повеќе...Свети Симеон Богопримец и пророчица Ана
Денес е празник посветен на Свети Симеон Богопримец и пророчица Ана. Во времето на мисирскиот цар Птоломеј Филаделф овој Симеон беше избран како еден од прочуените Седумдесетмина на коишто им беше доверена работата на преведување на Библијата од еврејски на грчки јазик. Симеон ја работеше својата работа совесно, но кога го преведуваше Пророкот Исаија и дојде до пророштвото: „Еве девица ќе зачне и ќе роди син“, тој се збуни, зеде нож за да го избрише зборот „девица“ и го замени со „млада жена“ за така и да го преведе на грчки.…
повеќе...Сретение Господово
На празникот Сретение Господово Црквата го слави споменот на значајниот настан во земниот живот на нашиот Господ Исус Христос (Лука 2, 22-40). Во 40-от ден по раѓањето, Богомладенецот беше принесен во Ерусалимскиот храм – центар на верскиот живот на богоизбраниот народ. Според законот Мојсеев (3. Мој. 12), на жената што ќе роди машко дете, во текот на 40 дена ѝ било забрането да влегува во храмот Божји. По истекот на тоа време, мајката доаѓала во храмот со младенецот за да Му принесе на Господа благодарствена и очистителна жртва. Пресвета Дева,…
повеќе...Светиот маченик Трифун
Денес е празник посветен на Светиот маченик Трифун. Светецот Трифун е роден во Кампсада во Фригија (мала Азија), во сиромашно семјство. Уште како дете, чувал гуски, а кај него евидентна била исцелителната моќ над луѓето, додека благопријатно било неговото влијание и на животните, кои во моментите на бес знаел да ги смири. Во тогашното Римско царство успеал да ја исцелува ќерката на императорот, Гордијана, која патела од психолошки растројства, поради што Трифун бил богато награден од нејзиниот татко Гордијан, за потоа сите подароци да им ги подели на сиромашните. Подоцна…
повеќе...Пренос на моштите на Свети Јован Златоуст
Златна труба на Православието. Споменот на овој светилник на Црквата се празнува на 13-ти ноември и на 30-ти јануари. А на овој датум се празнува преносот на неговите чесни мошти од ерменското село Комане, каде што умре како прогонет, во Цариград, каде што порано како патријарх управуваше со Црквата. Кога се навршија триесет години од неговата смрт, патријархот Прокло одржа еден говор во спомен на својот духовен отец и учител и со тој говор толку ја разгоре љубовта на народот и на царот Теодосиј Помладиот кон големиот Светител, што сите…
повеќе...Светиот апостол Тимотеј
Денес е празник посветен на Светиот апостол Тимотеј. Еден од Седумдесеттемина апостоли. Роден во Листра Ликаониска од татко Грк и мајка Еврејка. Мајка му и баба му Светиот апостол Павле ги пофалува за нивната нелицемерна вера (2 Тимотеј 1, 4 – 5). Во Листра Тимотеј за првпат се сретна со великиот апостол и самиот беше сведок кога Павле исцели еден човек од раѓање куцоног. Подоцна Тимотеј му беше речиси постојан сопатник на Павле, обиколувајќи ги со него Ахаја, Македонија, Италија и Шпанија. Голем ревнител за верата, извонреден беседник и благодушен,…
повеќе...Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски
Денес е празник посветен на Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски. Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски. Во архиепископскиот чин остана над четириесет…
повеќе...Вечерва Сеноќно бдение во црквата „Св.Богородица“-Каменско
Парохискиот храм „Света Богородица“ – Каменско од Охрид, ги известува своите православни верници дека вечерва (31 декември) ќе се служи сеноќно бдение, по повод празникот на „Свети маченик Бонифациј и свети Григориј епископ Омиритски“, со почеток во 23:00 часот. По тој повод црквата „Света Богородица“ – Каменско, ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
повеќе...